7.8 C
Скопје
08:48 - 19 април, 2024

Том Круз денес полни 60 години: Од дислексично дете што сменило 14 училишта преку косач на треви и келнер до холивудска ѕвезда

Актерот најмногу се памети по неговиот успех во 1980-тите, но и по соработката со режисери како Кјубрик до продолжението на Топ Ган. Да се ​​вратиме на некои моменти од неговиот живот и кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise (@tomcruiseandthecruisers)

„Јас сум личност од типот сè или ништо, и кога нешто ме интересира, давам сè од себе“, вака се опиша себеси денес 60 годишниот Том Круз.

Том Круз е роден на 3 јули 1962 година во Сиракуза, Њујорк. Син е на електроинженер Томас Круз Мапотер и Мери Ли Фајфер, професорка по дефектологија. Тој има ирско, германско и англиско потекло. Круз има три сестри, Мери Ли, Маријан и Кас.
„Би живеел со сите мои сестри кога би можел. Отсекогаш сме биле многу блиски, јас и моите сестри“, своевремено рече глумецот.

Семејството се преселило во Отава, Канада, а Круз бил воспитан како католик. Сепак,поради препотентниот однос на татко му, Круз го опишувал како „силеџија и кукавица“. Неговата мајка одлучила во 1974 година да го напушти сопругот и откако ја преминала границата се населила со своите деца во Кентаки. За да му помогне на своето семејство, кое било на работ до сиромаштија, Том Круз работел необични работи како косење на тревниците на соседите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise (@tomcruiseandthecruisers)

Сменил 15 училишта за 14 години

Бил дислексично дете, имал потешкотии со читање и пишување. Завршил основно образование, но неможноста да ја надмине дислексијата го натерала да го напушти средното училиште.

На училиште се истакнувал во спортот, од мал играл бејзбол, а по напуштањето на училиштето сакал професионално да се посвети на борењето. Повредата на коленото го натерала да се откаже и од тоа.

На 14-годишна возраст, тој влезе во католичка семинарија во Синсинати со намера да стане монах а најмногу поради тоа што образованието било солидно, а бесплатно. Набрзо ја напуштил богословијата инајпосле се запишал во гимназијата каде што дипломирал.

Севкупно, тој посетувал 15 училишта за 14 години; во скоро сите редовно бил малтретиран од врсниците.

Скиентолошката црква

Се приклучил на Скиентолошката црква откако поминал курсеви кои му помогнале да ја надмине дислексијата.
„Познато е дека сум скиентолог и тоа ми помогна да го најдам тој внатрешен мир во мојот живот и голема стабилност“, своевремено откри Том Круз.

Од келнер до глумец

Во Њу Џерси почнал да студира глума. Присуствувал на различни кастинзи додека работел како келнер. Отпатува во Калифорнија и ја добил својата прва улога во филмот во режија на Франко Зефирели „Бескрајна Љубов“ (1981) со Брук Шилдс и Мартин Хјуит во главните улоги.

Во светот на филмот влегол преку помали улоги, а првата главна улога ја добил во 1983 во филм на Пол Брикман, „Ризичен бизнис“.

Учествуваше во прекрасните Бунтовници (1983) на Френсис Форд Копола опкружен со многу ветувања на киното кои подоцна станаа многу популарни.

Следуваа бројни други филмови, се до огромната слава на Топ Ган, а понатаму речиси се е познато за глумецот, што се однесува до кариерата.

Своето режисерско деби го имаше во 1993 година со „The Frightening Frammis“, епизода од мини-серијата на кабловска телевизија Angels Fallen.

Врски и деца

Во мај 1987 година, Круз се ожени со својата прва сопруга Мими Роџерс, од која се разведе во јануари 1990 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Eighties Guy (@the80s.guy)

Неговата втора сопруга беше Никол Кидман, од 1990 до 2001 година. Во 1993 година тие посвоија девојче Изабела и момче Конор. Долго време важеа за еден од најстабилните парови во Холивуд.Во февруари 2001 година, Круз поднесе барање за развод кога Кидман беше бремена. Тој тоа го игнорираше, а бременоста заврши со спонтан абортус. Во 2007 година, Кидман ги расчисти гласините за спонтан абортус, објаснувајќи дека всушност имала ектопична бременост.

Од 2001 година тој беше во љубовна врска со Пенелопе Круз. Нивната врска заврши во 2004 година.

Во јуни 2005 година, Том Круз изјави дека повторно ќе се жени по средбата со колешката Кејти Холмс, 17 години помлада од него и која ја запозна додека бараше колешка за неговиот филм Невозможна мисија III. Неколку месеци подоцна се свршија во Париз; на врвот на Ајфеловата кула, каде што ѝ подарил огромен дијамантски прстен и ја запросил. Пред да се оженат ја доби неговата прва биолошка ќерка: Сури, која е родена на 18 април 2006 година.

Кон крајот на јуни 2012 година, и по пет години брак, Круз и Холмс се разведоа.

Интересен податок за Круз е тоа што во Јапонија има ден кој го носи името на актерот. Во оваа земја, 6 октомври е „Денот на Том Круз“. Тоа е затоа што Круз е актер кој најмногу пати ја посетил Јапонија.

(Фото) Том Круз со нова убавица на концерт на Адел; менува повеќе жени отколку улоги!

Слични објави

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо
Се вчитува....