7.8 C
Скопје
08:08 - 21 октомври, 2026

Шармантната пејачка има намера да остане бремена од непознат човек!

Откако изјавила дека бара донатор на сперма, на Шерил ѝ се јавиле бројни обожаватели и понудиле да бидат волонтери.

Британската пејачка Шерил Кол, која некои ја сметаат за една од најубавите жени на светот, прв пат јавно призна дека никогаш немала среќа во љубовта. Поради таа причина 36-годишната поп-ѕвезда одлучила дека не ѝ е потребен нов маж за да го прошири своето семејство, па затоа ќе побара донатор на сперма. Позади неа е врската со музичарот Лиам Пејн (One Direction) со кого го има 2-годишниот син Беар, но денес се чувствува како времето во потрага по нов партнер ѝ истекува и сака исклучиво да се посвети на процесот на добивање ново дете.

„Да е времето на моја страна и да сум во 20-те, да, би разгледувала повеќе опции и би чекала некој што ќе сметам дека е вистинскиот. Вие можете да запознаете некој и да се чувствувате прекрасно поради тоа, но никогаш не постои гаранција, бидејќи може многу работи да се случат. Животот е смешна игра“, изјавила Шерил за магазинот The Times.

Затоа таа планира да има уште најмалку 2 деца и тврди дека ќе побара соодветен донатор. Освен врската со Лиам, позади Шерил е и бракот со францускиот реставратор Џин Бернард Фернандез Версини, за кого се омажи после 3 месеци врска во 2014 година, како и бракот со фудбалерот Ашли Кол, кој траеше од 2006 година до 2010 година.

View this post on Instagram

Walking in a winter wonderland! ❄️ ???✨ @laplanduk

A post shared by Cheryl (@cherylofficial) on

Таа за магазинот признала дека не е многу добра во бирање на партнер и дека ја привлекуваат луѓе со црти на личности кои всушност ги мрази. Откако изјавила дека бара донатор на сперма, на Шерил ѝ се јавиле бројни обожаватели и понудиле да бидат волонтери.

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.
Се вчитува....