21:06 - 9 ноември, 2026

Семејството на Квејден Бејлс одби донации од 700.000 долари: Попрво би ги дале парите во хуманитарни цели отколку тој да оди во Дизниленд

Момчето Квејден Бејлс има само девет години, а неговата мајка Јарака неодамна објави снимка каде што опишува дека тој е малтретиран на училиште. По ова јавноста се обедини, односно многумина сакаа да донираат за некако да му се помогне на ова дете. 

Фондацијата Crowdfunding сакаше да го испрати момчето во Дизниленд, па започна акција за донирање на средства, а интересно е тоа што беа собрани дури 700.000 долари. 

Јавноста се солидаризираше со деветгодишниот Квејден, кој е роден со пореметување на раст на коските, поради што е со џуџест раст.

Видеото посветено на булингот кој го проживува во училиштето, беше причина да се почне кампања за патување на Квејден во американскиот Дизниленд.

Bulled Brisbane boy receives amazing offer after mum's video goes viral

We'll be watching and supporting you, Quaden! What an amazing update ??

Publiée par news.com.au sur Jeudi 20 février 2020

Меѓутоа, неговото семејство сега ги одби тие пари, тврдејќи дека „попрво би ги дале во хуманитарни цели“.

„Фала, но не ни треба излет – постојат реални проблеми, попрво би ги дале овие пари во хуманитарни цели“, гласеше одговорот од неговото семејство.

Фото: Инстаграм

Иако од семејството Бејлс истакнаа дека се „трогнати од гестот“, сепак тие сакаат да се концентрираат на вистинските проблеми кои не ги лекува пат во забавен парк.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....