10:41 - 8 ноември, 2026

Пробајте, здраво е! Оваа храна содржи многу енергија, а малку калории

Денес можете да купите речиси сè, од пијалаци, до бисквити со разни семки, но што од тоа е навистина добро за вашето здравје?

Калинка за слабеење – кога природата ги создавала своите „бонбони“, ја направила калинката. Сочните семки се нискокалорични и богати со антиоксиданти и витамин Ц, кој ги топи телесните масти. Една четвртина семки од калинка имаат само 36 калории, еден грам масти, два грама влакна и еден грам протеини.

Семки од чија за цврсти коски – ова семе има земјест вкус, но е богато со калциум, речиси како сирењето! Помешајте половина филџан семки од чија со две и пол филџанчиња незасладено бадемово млеко, додајте му една супена лажица јаворов сируп и малку цимет за вкус, изладете да се стврдне како пудинг и уживајте. Две супени лажици семе од чија имаат 138 калории, девет грама масти, десет грама влакна и пет грама протеини.

Семки од тиква за енергија – тие во себе содржат железо кое помага во одржување високо ниво енергија. Испечете еден филџан семки, половина лажица сечкана пиперка и половина лажица сечкано чили, па зачинете со сол. Две супени лажици семки од тиква имаат 158 калории, 14 грама масти, два грама влакна и девет грама протеини.

Сусам за здраво срце – семките сусам содржат линолна киселина, која е масна омега-6 киселина и помага во контролата на штетниот холестерол. Со пржење ќе го засилите вкусот, а ако го ставите во салата, убаво ќе крцка. Две супени лажици имаат 103 калории, девет грама масти, два грама влакна и три грама протеини.

Пченични ’ркулци за метаболизам – тие се еден мал дел од пченичното зрно и во себе содржат еден вид полисахариди, кои го одржуваат метаболизмот. Направете ги колачите здрави и половина брашно заменете го со пченични ркулци. Две супени лажици содржат 52 калории, еден грам масти, два грама влакна и три грама протеини.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....