00:44 - 29 ноември, 2026

ВИДЕО | Иранската Анџелина Џоли ослободена од затвор: Сѐ е фотошоп, откриен нејзиниот вистински изглед

Instagram

„Иранска тинејџерка која објавуваше исклучително изменети фотографии од своето лице, а притоа и беше осудена на 10 години затвор, беше ослободена по големиот притисок од медиумите“, напиша Масих Алинеџад на Твитер – новинар и активист за човекови права.

Instagram
Instagram

Сахар Табар, чие вистинско име е Фатеме Кишванд, беше уапсена минатата година за своите активности на социјалните мрежи. Таа е обвинета за „морална корупција на младите“ и непочитување на Исламската Република, пренесува хрватски Индекс.

Странските медиуми поради фотографиите ја нарекоа „зомби Анџелина Џоли“, а некои „Иранската Анџелина Џоли“, а во еден момент на Инстаграм ја следеа скоро половина милион луѓе.

Instagram
Instagram

– Секоја нова фотографија ја уредувам сè повеќе и повеќе за да биде што е можно посмешно. Тоа е форма на изразување, уметничка форма. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице, рече тинејџерката во 2017 година.

Instagram
Instagram

Иранската државна телевизија го пренесе нејзиното покајание на крајот на октомври минатата година, а снимката предизвика голема симпатија во јавноста.

 Нејзините адвокати до судот доставија и медицински наоди, кои покажуваат дека Сахар исто така страдала од ментално заболување, како и дека во последните десет години посетувала психијатриски институции.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....