12:53 - 27 ноември, 2026

Генијалната идеја на деветгодишното момче му донело заработка од 30 милиони долари

Рајан Каји од Тексас, 9-годишното момче кое рецензира играчки трета година по ред. Заработил 29,5 милиони долари, како и дополнителни 200 милиони долари од играчките и облеката Ryan’s World (Светот на Рајан), како и пижамата Marks & Spencer.

Минатата година беше прогласен за најплатен јутјубер според Форбс.

Рајан потпишал и договор за сопствена телевизиска серија на детска телевизија. Момчето  живее во Тексас со родителите и сестрите близначки и вообичаено на својот јутјуб канал објавува едно видео на ден.

Неговите видеа редовно добиваат милионски прегледи.

– Луѓето ги сакаат моите видеа затоа што се забавни и смешни – вели Рајан.

Но сега Каји и неговото семејство се соочуваат со закана за истрага од американската Федерална трговска комисија бидејќи спонзорите во видеозаписите не биле правилно објавени.

„Скоро 9 проценти од видеозаписите вклучуваат барем една препорака на производот што се плаќа за претшколски деца, група премлада за разликување на реклама од рецензија“, се наведува во приговорот на потрошувачкото надзорно тело, Truth In Advertising, кои исто така наведуваат дека овие огласи често прикажувале нездрава храна.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо
Се вчитува....