10.8 C
Скопје
17:11 - 30 март, 2026

ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ: Постои само една земја во светот каде Божиќ не се слави ниту на 25-ти декември ниту на 7-ми јануари

Интересно е тоа што постои уште еден датум, а да не е 25-ти декември и 7-ми јануари кога се одбележува Божиќ.

Станува збор за Ерменија каде што Божиќ го празнуваат на 6-ти јануари. Останатите земји во светот Божиќ го прославуваат на 25 декември или на 7 јануари, како и нашата земја која е една од десеттината земји каде што Божиќ се празнува на 7-ми јануари.

Од Русија до Етиопија Божиќ се празнува по грегоријанскиот календар кој е исто така и наш празник и се разликува од остатокот од светот.

Додека поголемиот број од земјите го слават Божиќ по грегоријанскиот календар од 1582-та година ние и понатаму го празнуваме по јулијанскиот календар кој го создал Јулиј Цезар од 45-те години на новата ера.

Тоа значи дека постои 13-дневна „дупка“ помеѓу двата календари па Божиќ во некои нации на поранешна СССР и Источна Европа се слави на 7-ми јануари.

Интересно е тоа што многу од православните земји како што се Грција, Кипар и Романија, го прифатиле ревидираниот јулијански календар од 1923-та година по кој Божиќ се слави на 25-ти декември.

Оние кои го слават Божиќ по јулијанскиот календар се Македонија, Србија, Белорусија, Црна Гора, Казахстан, Русија, Еритреја, Грузија, Етиопија и Молдавија како и православниот народ во Украина, Израел и Египет.

Интересно е исто така тоа што постои уште еден датум, а да не е 25-ти декември и 7-ми јануари кога се одбележува Божиќ.

Во Ерменската апостолска црква Божиќ се слави на 6-ти јануари затоа што земјите како Ерменија и Либан не припаѓале на Римското царство што значи дека на нив не влијаел јулијанскиот, а ни грегоријанскиот календар.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....