13:23 - 7 ноември, 2026

Ова е кралицата на италијанската кујна: Како настанало нејзиното височество – ПИЦАТА

Пицата е јадење кое го сакаат сите генерации. Не е ни чудно, кога знаеме дека пицата брзо и едноставно се прави, брзо заситува, може да се направи на милион начини и со милион состојки, а толку е вкусна што малкумина можат да одолеат, а да не земат едно парче.

На прашањето кој прв се сетил да го направи ова така едноставно, а вкусно јадење, многу е тешко да се даде одговор. Првите варијанти на различните видови на лебно и друго тесто, премачкани со масло со билни зачини па потоа испечени, постоеле уште во античко време и тоа на сите меридијани.

инстаграм

Некои тврдат дека пицата и воопшто не е италијански специјалитет, туку дека ја донеле италијанско-американските војници во текот на Втората светска војна. Иако е точно дека нејзината популарност пораснала дури после војната, оваа теорија сепак не делува сосема точно.

инстаграм

Сепак, тоа што денес се смета за пица настанало дури тогаш кога пекарите целосно ја пронашле и усовршиле тајната за месење и го откриле вистинскиот однос на брашно, вода и другите состојки за совршено тесто.

инстаграм

Денес, секој Италијанец ќе ви каже дека пицата потекнува од Неапол, и дека претставува оригинална градска брза храна.

Па така, за пошироката популарност на ова јадење се заслужни пица мајсторите од Неапол. Најпознати се секако пица маргарита, која името го добила по кралицата Маргарита Савојска, како и легендарната пица наполитана, која пред неколку години влезе во листата на Унеско за нематеријални културни наследства.

инстаграм

Денес секоја држава, секој град, секоја пицерија, но и секое домаќинство има своја верзија на пица. Околу тоа што се може да се стави на неа можат да се водат километарски дебати, но околу една работа сите се сложни – тајната на совршената пица е во тестото.

инстаграм

Во Италија тестото е супер-тенко, додека во други земји, меѓу кои и нашата, мљлку подебело. Некои луѓе се љубители на пица со малку подебело и меко тесто, а дури пак и на тесто за пица чии краеви се полнети со кашкавал. Постојат љубители и на преклопената пица, односно пица калцона.

инстаграм

Постојат два клучни начини на коишто се сервира пицата. Првиот pizza al taglio (сечена пица). Тоа е класичното парче пица, погодно за јадење и во движење. Вториот е кога целата пица се сервира во чинија и се јаде со вилушка и нож. Во тој случај, кората е нешто потенка, а во Неапол некогаш се превиткува на половина, се замотува во хартиена салфета и се јаде како сендвич.

инстаграм

Доколку го имате вистинскиот рецепт за тестото, без оглед што и да ставите одозгора, верувајте дека вашите непца ќе уживаат во вкусот.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....