14:46 - 7 ноември, 2026

Неколку методи на Никола Тесла за зголемување на продуктивноста

Никола Тесла е познат по своите откритија кои го променија светот засекогаш, неговите изуми во наизменичната струја, радио и телекомунациските радио бранови се од историско значење, а тој и ден денеска важи за еден од најгенијалните умови во историјата. 

Тесла за својата генијалност во автобиографијата откри неколку методи кои ги применувал за зголемување на продуктивноста, а во продолжение прочитајте за некои од нив:

1. Прошетајте

Кратката прошетка си има свои придобивки кога станува збор за креативноста. Тесла, исто така, имал навика редовно да шета, а неретко се случувало токму во тие моменти додека се движи да добие некоја одлична идеjа. Една од нив е и идејата за моќноста на струјата:

Во 1881 година, Тесла се преселил во Будимпешта, закрепнувајќи од нервен слом, и додека се движел низ паркот рецитирајќи поезија со еден пријател, тој одеднаш добил идеја за наизменична струја.

2. Работете на проблемите сами

Како и многу иноватори и креативни ликови, Тесла тврди дека треба да бидете изолирани за да може вашата креативност да исплива на површината. 

Еве еден од неговите познати цитати:

– Умот е поостар и поконцентриран во осаменост и континуирана самотија. Ниту една голема лабораторија не е неопходна за размислување. Оригиналноста доаѓа од осаменоста ослободена од влијанијата што му штетат на нашиот креативен ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот, бидете сами, тогаш се раѓаат идеите – велеше Тесла.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....