6.8 C
Скопје
11:58 - 22 декември, 2024

Не нанесувате хидратантна крема редовно? Еве што ќе и се случи на вашата кожа!

Дали и вие сте една од оние личности кои немаат навика да користат различни креми и лосиони наменети за нега на кожата? Можеби не сте го знаеле ова досега, но има големи шанси на овој начин да си правите голема штета. Погледнете што се случува доколку телото не ја добива потребната количина влажност.

Дерматолозите постојано предупредуваат дека на кожата едноставно и е потребен некаков вид освежувач. Таа е најголемиот човечки орган, а сигурно веќе добро знаете дека на сите органи им е потребна вода. Тоа е клучната причина зошто е важно да ја одржувате хидрирана кожата однатре, како и однадвор.

Неколку денови без хидрирање на кожата

Вие нема да забележите драстични промени, но ќе почнете да чувствувате дека кожата ви станува сува, затегната, како и дека добива поинаква нијанса и сјај. Тоа е знак дека таа полека почнала да ја губи водата од себе. Лосионите и кремите не само што ѝ додаваат влажност, туку и ја задржуваат водата која веќе се наоѓа во кожата.

Месец дена без хидрирање на кожата

Вие ќе почнете да забележувате различни видови штета. На површината на кожата ѝ недостасува толку многу вода, што таа ќе престане да ја прави својата примарна функција – а тоа е заштита од надворешните дразби. Исто така ќе можете на неа да забележите и процеси на воспалување, како црвенило и надуеност.

Година дена без хидрирање на кожата

Година дена без соодветно хидрирање целосно ја смалува еластичноста на кожата, па токму затоа и почнуваат да се појавуваат привремени бори. Кожата станува опуштена, уморна и исклучително иритирана. Поголемиот дел од оваа штета не може да се врати по природен пат, па токму затоа и можеби би ви требале лекарски интервенции со цел да ја спасите.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....