13:34 - 8 ноември, 2026

На тетоважи и операции потрошила 120.000 долари, а сега ѝ се заканува затвор

Ѕвездата на Инстаграм, Амбер Лук, попозната како Драгон Грл од Инстаграм, се изјасни за виновна за трговија со дрога.

Оваа 25-годишната девојка, која дури вбризгала сино мастило во белките на своите очи, вчера требало да дознае каква казна треба да отслужи, но нејзиниот адвокат побарал и добил одложување на рочиштето.

Instagram

Амбер, која позира на Инстаграм како бел змеј со сини очи, има речиси 60.000 следбеници на социјалните мрежи фасцинирани од нејзината физичка трансформација.

Обвинителството е уверено дека ќе добие затворска казна, бидејќи точките од обвинението се доста сериозни. На суд таа се изјасни за виновна по седум точки од обвинението, вклучувајќи трговија со дрога, стекнување и поседување дрога и заработувачка од дрога. Нејзината мајка ја придружувала за време на судењето.

На тетоважи и пирсинг таа потрошила вкупно 120.000 долари.

Instagram

На речиси 600 тетоважи, вклучително и вбризгување сина боја во очите поради која била слепа три недели, потрошила 50.000 долари. Нови 70.000 долари потрошила на други модификации какви што се сечење на јазикот, зголемување на градите, вбризгување филери во образите и во усните, вметнување шилести импланти во ушите и бразилско подигнување на задникот.

Таа претходно покажа како изгледала без трансформации, на 18 години.

Instagram

– Бев депресивна, суицидна и накратко – жив мртовец. Се мразев себеси поголемиот дел од времето, таа омраза беше длабока и ме измачуваше. Бев обична, го мразев својот изглед. Тоа не бев јас, тоа беше здодевен изглед. Сега, кога целосно се трансформирав во некој на кој сум горда, јас сум силна жена што знае што сака и која е – рекла Амбер.

Instagram

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....