14.8 C
Скопје
19:41 - 26 април, 2024

Птиците умираат пеејќи: Каде се денес свештеникот Ралф и младата Меги, чија љубовна приказна го полуде светот

Во осумдесеттите години гледачите редовно ја следеа серијата што преку ноќ стекна огромна популарност во целиот свет. Работена според делото на Колин Меклохлин, серијата освои три награди Златен глобус и шест Еми, а еве како денес изгледаат главните протагонисти.

Од моментот на објавувањето пред речиси 40 години, романот „Птиците умираат пеејќи“ стана своевиден феномен, а минисеријата од 1983 година со Ричард Чемберлен и Рејчел Ворд во главните улоги, само го зголеми интересот на јавноста.

Profimedia

Во една од најубавите љубовни приказни, отецот Ралф де Брикасарт го играше актерот Ричард Чемберлен, а неговата љубов Меги – Рејчел Ворд. За таа улога покрај неа конкурираа и Мишел Фајфер, Џејн Сејмур, Оливија Њутн-Џон и Ким Бесинџер.

Во центарот на приказната беше Меги Клири, која како мало девојче со семејството доаѓа да живее на голем имот. Растејќи во прекрасна млада жена, таа ќе биде растргната меѓу страста и љубовта кон свештеникот и чувството на одговорност кон семејството.

Profimedia

Актерот Ричард Чемберлен славата ја стекна со насловната улога во серијата „Доктор Килдер“, а со улогата во „Птиците умираат пеејќи“ го запечати статусот на ѕвезда. Освен многубројните филмски улоги, познат е и по тоа што во 2003 година во својата автобиографија „Распарчена љубов: Мемоари“ призна дека е хомосексуалец. За неговата сексуалност дотогаш само се нагаѓаше.

Уште има многу хомофобија во општеството. Актерот што сака главни улоги, не смее да признае дека е хомосексуалец, бидејќи тоа сигурно нема да му помогне да ги добие. Жените отсекогаш ги фасцинираше улогата на свештеник што има забранета љубов. Затоа и беа воодушевени од мене. Отсекогаш знаев кој сум и тоа го сметав за моја интима. Не се срамев, но не сакав сите да го знаат тоа – изјави во тоа време Чемберлен.

Profimedia

Негова долгогодишна љубов беше писателот, продуцент и актер Мартин Раберт, со кого се разделија во 2010 година, но останаа добри пријатели.

Рејчел Ворд својата кариера ја почнала многу млада, како манекенка. Се појавила на насловните страници од познатите списанија како „Вог“, „Харперс базар“ и „Космополитен“. Откако се преселила во Америка во 1977 година, се појавила во филмови и серии со помали и поголеми улоги. Во „Птиците умираат пеејќи“ ја играше возрасната Меги, а благодарение на оваа улога, стана голема ѕвезда. Таа улога ѝ донесе номинација за Златен глобус. Во текот на снимањето на серијата се вљубила во австралискиот актер Брајан Браун, со кого и денес е во брак и имаат три деца, Роси, Матилда и Џои. Јаваат коњи, се занимаваат со градинарство и живеат далеку од градската врева. Пред година и пол станаа баба и дедо на внук од ќерката Матилда.

Profimedia

Рејчел во 1983 година беше прогласена за една од најубавите десет жени во САД, а своевремено призна дека со години била вљубена во Ричард Чемберлен.

Иако приказната во романот се одвива во Австралија, продуцентите на серијата заклучиле дека условите за снимање таму се невозможни. Поголем дел од ранчовите со овци биле изолирани во дивина, во кои филмските екипи не можеле да снимаат, па ранчот „Дрохгед“ на кој се одвива дејството е изграден во Калифорнија.

Слични објави

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо
Се вчитува....