05:45 - 10 ноември, 2026

Мали совети кои водат до здрав и среќен брак

Понекогаш изгледа дека денешните бракови се потешки од кога било порано. Без разлика дали имате многу работа или се грижите за вашите деца или пак вашиот распоред е пренатрупан. Сигурно сакате да поминувате време со сопругот, но тоа не се случува никогаш… Па тогаш, не е ни чудно што врската ви е во неволја.

Да бидете родител навистина значи да вложите многу во хигиената на домот, прехранување на семејството и задоволување на потребите на децата. Но кога сте и сопруга и родител, важно е да запомнете дека вашиот брак е исто толку важен колку и децата. Едноставно не можете да одгледате среќни деца ако нивната основа не е цврста, а здравото семејство е цврсто колку родителите.

1. Неопходно е да поставите секојдневна рутина за вас и за вашата врска

Без разлика дали станува збор за неделно излегување со најдобрите пријатели или одвојување време само за вас двајцата, имањето рутина ќе ве мотивира. Излегувањето од дома е првиот добар чекор ако не сте сигурни каде да почнете.

2. Бидете искрени за вашите чувствата

Без разлика колку е очигледен вашиот стрес, голема е веројатноста сопругот да не разбира што навистина ви се случува. Не плашете се да му кажете.

3. Побарајте засилување

Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да побарате помош. Туѓата перспектива за ситуацијата може да направи многу голема разлика.

4. Понекогаш неопходно е да го ставите бракот на прво место

Децата се вашиот свет, но понекогаш грижата за нив прави да заборавите дека родителството не е вашиот единствен идентитет. Од голема важност е да не го заборавате вашиот идентитет како маж и жена, односно да не се гледате само како мајка и татко.

5. Согласете се дека не се согласувате

Сите парови во здрава врска се расправаат. Тоа е сосема нормално. Она што е навистина важно е како ќе се справите со тие расправии. Не заборавајте дека расправата не е за да се најде победник, туку за и двајцата да се чувствувате слушнато и разбрано.

6. Јавното покажување љубов е сосема здраво

Ако им покажувате на вашите деца колку се сакате, тоа ќе има влијание на нивното идно мислење за врските.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....