11:00 - 7 ноември, 2026

Коронавирусот ја менува модната индустрија: Луксузните брендови произведуваат маски! (ФОТО)

Луксузните француски модни брендови „Баленсиага“ и „Сеинт Лорен“ одлучија да го дадат својот допринос во борбата против коронавирусот. Како што наведува нивната матична фирма „Керинг“, брендовите во работилниците во градовите Ангерс и Париз ќе започнат со производство на заштитни маски чим тоа го одберат надлежните тела.

Во меѓувреме, париската фирма исто така на француското здравство ќе му донира три милиони заштитни маски кои ќе ги купат и увезат од Кина. Француското министерство за здравство во неделата соопшти дека пандемијата продолжува да се шири и станува полоша. Исто така, Керинг финансиски помогна и на францускиот Институт Пастер во истражувањето за КОВИД19.

Минатата недела, Гучи, исто така во сопствеништво на Керинг, се јави на повикот од модните компании од италијанскиот регион Тоскана за донација на медицинска опрема и се надева дека во наредните неколку седмици ќе донира милион маски и 55 илјади медицински комбинизони.

Освен луксузните модни прендови, во акцијата за производство на заштитни маски се придружи и омилениот бренд за улична мода на многумина, H&M. Утрово службено објавија дека се брзаат да организираат свои ланци за производство на опрема за да може што порано да ги достават материјалите до болниците и здравствените работници.

„Тоа е првиот чекор од нашите напори за да овозможиме поддршка на било кој начин. Сите сме заедно во оваа ситуација и мора да пристапиме колективно“, рече Ана Геда, директорката на H&M групацијата за одржување.

Слични објави

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....