13:04 - 28 ноември, 2026

Сопствениците на хитот „Señorita“ се бакнуваа на среде улица, а Камила носеше фустан со длабоко деколте! (ФОТО)

Канадскиот музичар Шон Мендез (21) и неговата девојка, кубанско-американската пејачка Камила Кабељо (23) се фотографирани додека разменуваат нежности за време на самоизолацијата во Мајами.

Тие двајца се забавуваат скоро година дена, а сега докажаа дека во нивната врска сeуште има страст.

Фото: Профимедиа

Тој е без маичка, додека ја бакнува својата сакана која носеше долг и шарен фустан.

Шон како што гледате шетал без маичка, покажувајќи го цврстиот стомак и бицепсот, а пак долгата коса ја имал врзано во репче.

Шон и Камила поминаа доста време во самоизолација поради пандемијата на коронавирус. Згодниот пејач донираше 175.000 долари за помош во оваа борба против вирусот.

– Со фондацијата Шон Мендез најдовме идеален начин да ја поддржиме борбата против Ковид -19 вирусот. Донирајќи на „SickKids“ фондацијата се надевам дека ќе успееме да обезбедиме потребна опрема за скрининг и превенција од корона вирусот во Торонто – напишал Шон на својот профил на Инстаграм.

Слични објави

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova
Се вчитува....