00:50 - 9 ноември, 2026

Кога ќе погледнете како изгледа, ќе посакате и вие да вежбате: Запознајте ја Ана Пејковска, фитнес-модел и тренер! (ФОТО)

  • Со вежбање започнав уште од 8-мо одделение, но со домашни тренинзи, бидејќи бев малечка за да се запишам во теретана. Професионално почнав дури во 2016 година и оттогаш, па навака вежбам активно – вака ја започнува приказната за себе младата и атрактивна скопјанка Ана Пејковска (21).

Таа вели дека желбата за вежбање и се појавила уште кога била во раните тинејџерски години, кога скоро сите започнуваат да се грижат за тоа како изгледаат. Едноставно сакала некоја позитивна промена на своето тело и така подоцна вежбањето и станала нејзина пасија.

Летово што измина таа ја завршила обуката за финтес-тренер оргизнирана од претседателот на ББФФМ Бобан Ѓороски и сега таа е лиценциран фитнес-тренер.

Ана вели дека најмногу се фокусира на тежински тренинзи и се фокусира на исхрана која сама си ја подготвува. Таа признава дека не е лесно, бидејќи ваквиот начин на живот бара да се лишите од многу работи.

Со оглед на тоа дека има атрактивен изглед и полека станува популарна на социјалните мрежи, ја прашавме какви пораки добива најчесто, односно кој повеќе пишува за совет, момците или девојките.

  • Искрена да бидам, повеќе пораки добивам од девојките и морам да кажам дека во последно време гледам се повеќе девојки кои водат сметка за својот изглед, пред се за своето здравје, а тоа ме радува многу – вели Ана.

Најголема мотивација за Ана е да ја постигне најдобрата верзија од себе. Вели дека црпи инспирација и учи од светски фитнес-модели, но дека не се споредува со никого, бидејќи секој си има своја уникатна генетика.

Погледнете неколку нејзини најдобри фотографии кои ги има направено со неколку познати фотографи од нашата земја:

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....