14:48 - 27 ноември, 2026

Ги следи трендовите: Џулија Робертс на 52 години во најпосакуваните панталони за оваа сезона (ФОТО)

На прославата одржана по доделувањето на овогодинешните Оскари, се појави и една од омилените холивудски ѕвезди, актерката Џулија Робертс.

Робертс се појави на забавата заедно со својот сопруг, режисерот Дени Модер.

За оваа прилика актерката одбра модна креација која не помина незабележително, бидејќи на неа доминираше најновиот хит за оваа сезона – кожни црни панталони кои се синоним за заводливост, дрскост, но и за добар стил.

Секогаш класична и елегантна, црната комбинација на актерката доби доза на драматичност поради кожните панталони и долгите чизми.

Џулија преку оваа комбинација докажа дека овој тренд не е резервиран само за помладите, односно дека и жените кои се во своите педесетти години изгледаат добро и привлечно во кожни панталони.

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....