6.8 C
Скопје
02:33 - 19 октомври, 2026

Евтина а суперздрава – Осум причини зошто морате редовно да ја јадете оваа риба

Доколку се борите со депресија, редовно јадете сардини – Оваа храна помага во намалување на појавата на воспалителни процеси во телото и е богат извор на витамини и минерали

Доколку се борите со депресија, редовно јадете сардини – Оваа храна помага во намалување на појавата на воспалителни процеси во телото и е богат извор на витамини и минерали

Иако за вкусовите се разбира дека не смее да се дискутира, сепак сардините за голем број луѓе не спаѓаат во омилен вид храна. Сепак, колку и да не ви е привлечен нивниот вкус, мора да си создадете навика редовно да ги јадете, бидејќи тие важат за еден од најздравите видови месо, кое се препорачува да го јадат редовно сите, без разлика на која возрасна група ѝ припаѓаат или во каква здравствена состојба се наоѓаат.

Богати со протеини

Во едно мало пакување од само 80 грама сардини се содржани дури 23 грама протеини. Доколку се земе предвид фактот дека на еден возрасен човек за да ги задоволи своите потреби од внес на протеини за период од 24 часа потребни му се 24 грама, во тој случај само мало количество изедени сардини може да ја задоволат таквата потреба.

Помагаат во лекувањето на воспалителните процеси

Сардините меѓу другото се и одличен извор на EPA и DHA, две масни киселини за кои науката многупати досега потврди дека имаат голема улога во намалувањето на воспалителните процеси во телото. Токму поради фактот што воспалителните процеси во телото важат за главни поттикнувачи за појава на одредени заболувања, сардините ќе помогнат и во намалувањето на ризикот од појава на одредени посериозни болести.

Фото: Профимедиа

Ризница за клучните витамини и минерали

Тие се одличен извор на витамините Б12, Д, калциум и селен. Витаминот Б12 е исклучително важен за нормално функционирање на телото. Сепак, податоците добиени од многу научни истражувања, покажале дека токму овој есенцијален витамин малку се задржува во телото. Токму затоа многу важно е да се јаде храна во чиј состав го има витаминот Б12.

Го чуваат здравјето на коските

Поради големата количина на калциум која е содржана во составот на сардините, тие можат многу да помогнат во зачувувањето на здравјето на коските. Во само 50 грама сардини има неверојатни 217 милиграми калциум.

Фото: Профимедиа

Помагаат во лекувањето на анксиозноста и на депресијата

Сардините во својот состав содржат огромно количество омега-3 масни киселини. Новите научни откритија, пак, укажуваат дека постои многу силна врска помеѓу овие супстанции и намалувањето на анксиозноста и на депресијата кај луѓето.

Го регулираат шеќерот во крвта

Протеините и здравите масти во составот на сардините, се совршена комбинација што ја забавува апсорпцијата на шеќерот во крвта.

Фото: Профимедиа

Го намалуваат апетитот

Кога ќе изедете само 100 грама сардини за време на еден оброк, тие до таа мера ќе направат да се чувствувате сито, што подолг временски период нема да имате никакво чувство на глад. Како резултат на тоа, желбата да посегнете по друга храна, но и кон грицки и слатки, ќе се намали, а со тоа ќе избегнете и несакано покачување на телесната тежина.

Најмалку загадена риба

Сардините во својот состав не содржат метали и наталожени токсини како што е случај со поголемите риби, на пример туната и сабјарката.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....