3.8 C
Скопје
23:17 - 20 декември, 2024

Еве како да спречите претерано потење во топлите летни денови

Прекумерно се потите, под вашите пазуви се создаваат непријатни кругови? Без грижа постои решение и за тоа.

Со помош на овие четири трикови ќе престане вашиот стрес предизвикан од потењето.

1. Одржување на лична хигиена

Одржувањето на хигиената е секако еден од најдобрите начини за борба против непријатните кругови и мириси. Со редовно туширање, вашето тело ќе биде чисто и суво, што е неизбежно во борбата против зголеменото потење. Ако имате проблеми со тоа, туширајте се еднаш дневно или барем мијте ги пазувите. Отстанувањето на влакненцата со жилет или со восок нема да ја намали количината на потење, но ќе спречи потта да се задржува на вашиот пазув. Неизбежен чекор е и користење на антиперспиранти. Освен грижата за личната хигиена, важно е и да облекувате чиста облека. Доколку често се потите, перете ги маиците после едно носење, бидејќи за непријатниот мирис не е виновно моменталното потење, туку и остатоците од бактериите од веќе исушената пот.

2. Внимавајте што јадете

Еден од факторите кој доведува до непријатен мирис на потта е и начинот на исхрана. Зачинетата храна може да ви предизвика проблем ако сте склони кон зголемено потење, па поради тоа е важно да ги промените вашите навики на исхрана. Зеленчукот како кромид и лук, како и зелката, содржат голема количина на сулфур кој ќе направи вашата пот да има лут мирис кога ќе се исуши, а некои зачини како куркума и кари исто така можат да ги засилат непријатните мириси.

3. Памук пред полиестер

Тешко е да им одолеете на тренди моделите во продавниците, но иако некои парчиња облека изгледаат фантастично, често се направени од разни мешавини на ткаенини. Ако имате проблем со зголемено потење, секако фрлете поглед на етикетата пред купување. Избегнувајте ткаенини како свила полиестер и најлон во кои вашето тело нема да може слободно да дише. Сигурни сме дека ќе пронајдете интересни модели и од памук, лен, па дури и од волна, во кои ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично.

4. Избегнувајте облека во светла боја

Иако светлатата боја се препорачува во летото, доколку вашата пот остава жолти дамки под пазувите, тогаш треба да ја одбегнувате. Одберете облека во бои на кои нема да се забележуваат трагите од пот. Белата боја, и општо посветлата облека, ќе го откријат вашиот непријател, додека потемните тонови ќе го сокријат.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....