12:44 - 28 ноември, 2026

Еве како безбедно да ја исперете облеката во време на коронавирус

Досега нема премногу официјални информации за однесувањето на коронавирусот кога станува збор за контакт со нашата облека, на пример, ако некој кашла близу до вас додека пазарува намирници.

Иако официјалното време на преживување на коронавирусот на ткаенината е непознато засега, многу медицински експерти веруваат дека на меките површини веројатно ќе преживеат пократко.

Сепак, облеката сè уште може да биде изложена на вирусот кога одите во продавница или аптека, и затоа е важно да ја исперете откако ќе ја носите.

Во продолжение прочитајте неколку совети кои треба да ги имате во предвид при перење:

– Перете ја облеката на највисока можна температура соодветна за одредената облека.

– Оставете ги работите на сушарата се додека не се исушат целосно.

– Ако не користите ракавици при перење на алиштата, измијте ги добро откако ќе ги ставите во машина за перење. Измијте ги дури и ако користите ракавици.

– Измијте ја и исчистете ја и корпата за алишта, бидејќи оваа површина може да собира бактерии.

– Не ги протресувајте валканите алишта пред перење за да го намалите потенцијалот од ширење вируси.

– Ризичните алишта перете ги одвоено од другите артикли.

Како да се одржува облеката на заразените лица?

– Исперете ја облеката на пациентот, постелнините, крпите за бањање и рачните крпи со нормален детергент за перење и вода или во машина за перење на 60-90 ° C со нормален детергент и исушете ги темелно.

– Контаминираната постелнина ставете ја во корпа или торба за облека.

– Не ги тресете валканите алишта и избегнувајте контаминираните материјали да дојдат во контакт со кожата и облеката.

– Потребно е да користите ракавици и заштитната облека при чистење на површини или ракување со облеката или постелнината извалкана со телесни течности.

– Во зависност од контекстот, може да се користат ракавици за чистење или ракавици за еднократна употреба.

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....