5.8 C
Скопје
07:08 - 26 април, 2024

Родени се Ерик Клептон и Селин Дион, „Леб и сол“ го објавија албумот „Као какао“ и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја го одбележуваат неколку интересни настани, а 30 март најмногу ќе го паметиме по раѓањето на славните Ерик Клептон и Селин Дион, како и по објавувањето на култниот албум „Као какао“ од страна на „Леб и сол“.

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа историјата на музиката на овој ден:

1945 година – Роден е Ерик Клептон, славен англиски рок и блус гитарист, автор, како и еден од највлијателните рок музичари од 20 век.

1962 година – Роден е раперот познат на сцената како MC Hammer, со вистинско име Стенли Кирк Барел.

1967 година – Легендарните Битлси го завршија дводневното снимање на песната „With a little help from my friends“, која ја напишаа Џон Ленон и Пол Мекартни. Ова e една од малкуте нумери кои ги отпеа тапанарот на групата Ринго Стар, а таа е дел од албумот „Sgt. Pepper’s lonely hearts club band“.

Песната подоцна ја обработија бројни изведувачи, а најпозната е по верзијата која ја сними Џо Кокер и ја изведе на легендарниот фестивал Вудсток во 1969 година.

1968 година – Родена е Селин Дион, славна пејачка и авторка од Канада.

1974 година – Американската панк рок група „The Ramones“ го одржа својот прв концерт во кариерата, во просториите на Performance studios во Њујорк, а интересно беше тоа што свиреа многу кратки песни, пократки и од две минути. На пошироката јавност и се претставија две години подоцна со првиот истоимен албум.

1976 година – Во една несекојдневна коинциденција, и „Sex pistols“ на овој датум, но две години по „The Ramones“, го одржаа својот прв концерт во клубот „The 100“ во Лондон, за потоа да станат вистински домаќини на клубот, кој беше нивен прв редовен свирачки ангажман.

1976 година – Објавен првиот самостоен албум на Горан Бреговиќ, кој го носеше неговото име.

1978 година – Тогаш анонимната група „U2“ настапи на натпреварувањето талент шоу во Ирска и освои награда од 850 долари, како и аудиција кај издавачката куќа „CBS Ireland“.

1979 година – Родена е Нора Џонс, американска пејачка и пијанистка.

1987 година – Југотон го објави деветтиот студиски албум на скопската рок група „Леб и сол“, насловен „Као какао“. Голем број од нивните хитови го направи ова издание комерцијално најсупешно. Најголем успех кај публиката имаше песната „Скопје“, а покрај неа, од овој албум посебно внимание кај јавноста привлекоа и нумерите „Како какао, „Мамурни људи“ и „Чувам ноч од будних“.

1988 година – Излезе третиот студиски албум на поп-рок пејачот од Загреб, Борис Новковиќ, под назив „Док свира радио“. Албумот со нагласен рок звук носи неколку хитови, како што се „Док свира радио“, „С тобом ми е најболје“ и „Твист испод дуге“.

1989 година – Излезе четвртиот албум на сараевската поп група „Мерлин“, под називот „Нешто лијепо треба да се деси“.

2006 година – „Групата „Едо Маајка“ го објави четвртиот албум „Стиго чумур“, на кој се појавуваат низа на познати гости, како Ајс Нигрутин, Дино Шаран, Реми од „Елементал“, Френки и TBF, а најголем хит од ова издание е песната „Бомба“.

Слични објави

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо
Се вчитува....