19.8 C
Скопје
15:53 - 20 април, 2024

ПОМИНАА 39 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГРЕЈС КЕЛИ: Нејзината смрт и денес е голема мистерија

Омилената холивудска убавица која се откажа од кариерата за љубов го оствари сонот на многу девојки – стана принцеза. Но, бајката не траеше долго: на 13 септември 1982 година, принцезата Грејс од Монако излетала со автомобилот од карпа, и покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот, таа починала. Веста за нејзината смрт беше објавена еден ден подоцна, на 14 септември 1982 година.

Во моментот на сообраќајната несреќа, кога поранешната холивудска актерка, тогаш веќе принцеза Грејс од Монако излетала од карпа, првите информации добиени од медиумите не ја покажале вистинската состојба на работите. Барем што се однесува до нејзините повреди, бидејќи на прв поглед светските медиуми известиле дека не биле опасни по живот. Затоа, не е изненадувачки фактот што објавувањето на нејзината смрт на 14 септември 1982 година го шокираше Монако, но и целиот свет, кој од тој момент ја оплакуваше нејзината трагична смрт.

13 септември 1982 година требало да биде еден сосема нормален ден, кога Грејс требало да ја одведе својата најмлада ќерка, тогаш 17-годишната принцеза Стефани, на железничката станица, од каде што требало да отпатува во Париз, каде се школувала. Наместо тоа, тоа беше ден што многумина јасно го паметат цели 39 години подоцна, особено тажниот погреб што се одржа четири дена, кој на малите екрани го гледале повеќе од 100 милиони луѓе од целиот свет.

Официјално, за нејзината смрт биле одлучувачки двата јаки и тешки мозочни удари, поради што нејзиното семејство одлучило да ги исклучи сите апарати што ја одржувале во живот бидејќи функциите на мозокот биле официјално прогласени за мртви. Но, дури и децении подоцна, многумина не се согласуваат со оваа официјална објава, а теоретичарите на разни заговори не се потпираат тврдат дека тоа е една од најголемите мистерии, како во Холивуд, така и во Кралството Монако.

Една од причините за овој сомнеж е што автомобилот го возела Грејс Кели, која инаку ретко седнувала зад волан. Официјално, таа возела од нивната куќа во Рок Агел, Франција, до палатата по кривулест пат, каде што, поради силните ветрови, условите биле доста тешки за возење тој ден и биле потребни околу 40 минути за да се помине растојание од 20 километри.

Нивниот личен шофер претходно го препаркирал нивниот зелен Ровер 3500, по што Грејс Кели на задното седиште ставила неколку нејзини фустани и кутии полни со облека и модни додатоци, и бидејќи имала толку многу работи што немало место освен за возачот и совозачот, Грејс Кели му рекла на возачот дека таа ќе вози до Монако. Тој инсистирал да ги однесе, а потоа да се врати по фустаните, но актерката била категорична.

Мајката и ќерката тргнале со автомобилот и се било во ред до таа голем и катастрофална кривина, каде што се тргнало наопаку, по што Грејс Кели ја пробила банкината и излетала со автомобилот.

Меѓу првите гласини што се појавиле во јавноста било дека автомобилот бил управуван од Стефани, која ја преживеала несреќата со само неколку скршени ребра и повреда на клучната коска, и се тврдело дека сето тоа се заташкало затоа што била малолетна и немала возачка дозвола.

Таа приказна ја вжешти Сесто Липио, локален жител, кој рече дека го видел автомобилот и дека истиот бил управуван од девојка додека жената седела зад неа. Дури во 2002 година, принцезата Стефани прозборе за се и во разговор со „Paris Match“ рече: „Очигледно е дека не возев јас. Всушност, излетав назад исто како и мајка ми, која излета на задното седиште од ударот. Совозачката врата беше целосно смачкана, а јас излегов низ единствената до која можеше да се стигне – возачката врата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Obsessed (@royal.obsessed)

А покрај приказната дека со автомобилот управувала Стефани, се појавија гласини дека мајката и ќерката се расправале, поради што Грејс Кели не можела да се фокусира на возењето. Расправијата наводно била предизвикана од желбата на Стефани да се омажи за нејзиното тогашно момче, синот на францускиот актер Жан Пол Белмонд, Пол Белмонд.

Немало никакви знаци на кочење, а автомобилот цело време забрзувал додека паѓал од карпата, а сведок кој возел зад нив рекол дека во ниту еден момент не видел како се уклучиле светлата на кочниците. Кога спасувачите стигнале до автомобилот, менувачот бил поставен во позиција за паркинг. А тоа го направила самата Стефани.

„Во тој момент се подготвував за да положам за возачка дозвола и знаев дека морам да го ставам на паркинг позиција за автомобилот да застане. Пробав се, дури и ја кренав рачната кочница. Навистина не знам дали мајка ми наместо на кочницата стиснала на гас“, рекла Стефани.

Поради нејзините изјави, почна да се шпекулира дека можеби имало проблем со кочниците на 11 години стариот Ровер, поради што биле направени сите потребни тестови од официјални механичари, но не биле пронајдени грешки. Единствено што заклучиле е дека ниту Грејс Кели ниту принцезата Стефани не биле врзани со заштитен појас за време на несреќата.

За некое време, почнаа да се појавуваат секакви приказни, а меѓу нив и онаа според која Грејс Кели не била во најдобра здравствена состојба, поради што некои тврдеа дека тоа е причината за трагичниот настан. Имено, принцезата последните недели од летото ги поминала под медицински надзор, а причината била високиот крвен притисок, но тоа подоцна беше демантирано.

„Не се чувствуваше добро, беше ужасно уморна, а летото имаше многу обврски. Цело лето не се одмори ниту секунда и се даде себеси целосно, но никогаш не се пожали дека ѝ е тешко“, рекла нејзината втора ќерка, принцезата Каролин.

На тоа, совршено се надоврза изјавата на нејзината помлада сестра која „се сети“ како нејзината мајка се жалела на главоболка додека возела, а во еден момент дури ѝ се чинело дека има голема болка, како и несвестица пред несреќата.

Д-р Луис Шателејн, кој ја лекувал принцезата, рекол дека Грејс Кели претрпела два мозочни удари – едниот пред несреќата, а другиот по несреќата, што ги направило шансите за преживување да бидат екстремно мали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A. (@royalfashiondiary)

Дека има нешто сомнително, јавно кажаа и двајцата лекари – д-р Жан Дуплеј, неврохирург од Ница и д-р Жан Шателен, хирург од болницата во која почина Грејс Кели.

„Тоа било несреќа по која, доколку се случила дома, таа веројатно ќе прилегнала малку и ќе беше подобро. Тоа би било реално бенигно, не можам да кажам со сигурност, но во други околности работите ќе беа поразлични“, рекол нејзиниот д-р Дуплеј.

Дуплеј, исто така, рекол дека бил повикан во болницата дури 12 часа откако била примена. Во тоа време, таа веќе добила анестезија, поради што не можеле да ја однесат на рентген или КТ скен, што таа болница дури и го немала. Снимањето било направена последователно, а потоа била откриена церебрално крварење, а неврохирургот бил убеден дека не би завршило се како што завршило да била одведена на снимање на главата малку порано.

Одлуката да ја тргнат од апаратите кои ја одржувале во живот ја донел нејзиниот сопруг, принцот Рение Трети по консултација со ќерката Каролин и синот Алберт Втори, а на Стефани дури два дена подоцна ѝ било кажано дека нејзината мајка починала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arquivo_on (@arquivo_on)

Иако години по трагедијата се шпекулираше што довело до таков развој на настаните, принцот Рение Трети секогаш успешно прикривал се, спречувајќи ги медиумите да пишуваат за тоа.

„Се трудеа да ја одржат приказната на животот, не покажувајќи никакво сочувство кон нас кои што страдаме. Беше страшно. Особено кога ја смислија приказната дека мафијата се обидела да ја убие, иако тоа немаше никаква смисла, но јас го дозволив сето тоа. Но, кога повторно почнаа да пишуваат дека Стефани возела, знаејќи дека не било така, тоа не можев да го издржам“, рекол принцот пред својата смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Doses of Grace (@dosesofgracekelly)

Иако поминаа 39 години од страшната несреќа, принцезата Стефани и денес носи голем товар на грбот.

„На луѓето им беше тешко да разберат дека таа можеше да предизвика таква несреќа, поради што заклучија дека сигурно јас сум возела, бидејќи беше премногу совршена за да направи такво нешто. Откако постојано ќе ја слушате истата приказна, не можете да не се чувствувате виновни“, во една прилика признала Стефани.

Но, она што е најинтересно, секако е последното интервју на Грејс Кели на 22 јуни 1982 година. На прашањето како би сакала луѓето да ја паметат, Грејс Кели рекла: „Гледајќи низ очите на моите деца и нивните деца, би сакала да мислат дека завршив добра работа како мајка и дека сум полна со разбирање и добра“.

Извор: tportal

Слични објави

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо
Се вчитува....