03:41 - 8 ноември, 2026

30 ГОДИНИ ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ: Симбол на пријателство меѓу децата

30 годишниот јубилеј на фестивалот „Оро без граници“ , годинава се одбележува со низа активности, а ќе се заокружи со две финални вечери в четврток и во петок на 16 и 17 септември во Куршумли ан.

– Двете вечери ќе бидат изненадување за посетителите и љубителите на фолклорот – вели д-р Билјана Лалчевска Серафимовска, директорка на Детскиот културен центар – Карпош.

Фестивалот уште од самото формирање па сѐ до ден денеска, е со ревијален карактер. Оваа година со оглед на ограничувањата и мерките, нема да има дефиле на учесниците. За жал нема да се формира ни најголемото оро, оро кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата.

-Оваа година својот 30 годишен јубилеј, „Оро без граници“ го одбележува низ целата година со различни активности како што се ликовниот конкурс на тема Оро без граници – симбол на пријателство меѓу децата, изложба на фотографии на тема „Деца во традиционални носии минато – сегашност“, Ретроспективна фото галерија „Три децении Оро без граници“, проекција на интервју со основоположникот на Оро без граници Г-дин Тофе Дракулевски, промоција на каталог посветен на Оро без граници. Фестивалот ќе се заокружи со две фестивалски вечери на 16 и 17.09.2021 во Куршумли ан – изјави директорката на фестивалот.

Детскиот културен центар – Карпош со својот фолклорен ансамбл, со поддршка од Град Скопје, е домаќин на фестивалот „Оро без граници“, чија што традиција започнува од 1991 година по иницијатива на доајенот на македонскиот фолклор Тофе Дракулевски.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....