19.7 C
Скопје
01:29 - 13 јули, 2026

БРАВО ЗА ЃОРЃИ КУЗМАНОВСКИ: На 80 години не се откажува од моторот, помина 300 километри, а ќе вози додека е жив!

Отворено со Ѓорѓи Кузмановски, претседател на Сојуз на спортови на Град Скопје.

250 мотоциклисти од земјава и од странство беа дел од релито „Независност 2021“, кое се возеше низ земјава во изминатите три дена. Оваа година Ѓорѓи беше најстариот учесник на релито, како што вели тој, ќе учествува додека е жив.

– Беше одлично, и јас и релито, драго ми е што успешно го поминав релито. Задоволен сум поради себе, ова е надополнување на мојот успешен живот во спортот. Би сакал да испратам порака до сите повозрасни личности, да бидат активни, годините се само бројка, бидејќи ќе бидат поздрави и поубав.

Кузмановски вели дека е пензионер во поодминати години, но е многу активен на многу полиња и во општествено-спортското живеење, во физичката активност, моторите и велосипедите.

– Без размислување учествував повторно во релито за Независноста на Македонија. Возевме 300 километри. Тргнавме на 3-ти септември од Скопје, возевме по автопат до Штип, па преку Македонска Каменица, Делчево, Берово, преку Огражден, Струмица и Дојран. На 4-ти ја почнавме втората етапа имавме две искачувања, од Дојран возевме кон Крушево, па кон Галичица и Охрид. Третата етапа возевме од охрид, преку Кичево до Скопје, ни раскажува Ѓорѓи.

На патувањето се случиле неколку помали незгоди, како излизгување од патот, но Кузмановски вели дека тоа е поради непочитувањето на сообраќајните правила и знаци од помладите учесници.

– Велосипед возам од 1957 година, а дружбата со моторот ја започнав од 1961 година. Од тогаш па до ден денес сум активен учесник на две тркала по патиштата и магистралите. Моторот се наоѓа во моментите кога треба побрзо да се заврши некоја работа, но не и за да се протнува помеѓу автомобилите по лентите и да вози по тротоарите, тоа е опасно и многу ризично. Моторот мора да се употребува паметно, но и да се почитуваат правилата, најмногу ограничувањето на брзината и влегувањето во кривини и свиоци, објаснува тој.

Кузмановски за крај нè поздрави со порака секогаш да бидеме физички активни, годините се само бројка, а со такво размислување ќе го одржуваме нашиот дух млад и ведар.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо

(Фото) Ова е луксузниот стан на Марија Шерифовиќ – се наоѓа во елитниот дел од Белград, први соседи ѝ се Новак Ѓоковиќ и Милица Тодоровиќ

Еспресо

(Фото) Ирина Дишо и Павле Камилоски на Галичка свадба: „Таа е мостот што ги поврзува минатото и иднината“

Еспресо

„Блеска, заљубена е…“: Милица Павловиќ проговори за љубовната врска на Џејла Рамовиќ

Еспресо

„Прагма“ ви ја претставува новата колекција – совршени свечени фустани за сечиј вкус

Еспресо

(Фото) Не се знае која е поубава! Српската актерка Слобода Миќаловиќ со сестрите на ноќна забава

Еспресо
Се вчитува....