21.8 C
Скопје
13:21 - 28 март, 2024

Немате желба за секс веќе подолго време? Еве како да го пронајдете и проблемот и решението!

Се случува многу почесто отколку што сакаме да признаеме – во еден момент сексот е на врвот од нашите омилени активности, а веќе во следниот момент преминува во обврска, а зошто е тоа така, ни открива сексологот Трејси Кокс.

Привременото губење на сексуалната желба најчесто може да се поврзе со некое специфично случување, ако доволно добро размислите за тоа. Покрај очигледните работи како што е приновата во домот, тука е и стресот, исцрпеноста, смртта на некој близок, тензијата во врската и многу други ситуации кои прават да се чувствувате лошо. Ако не можете да утврдите кој настан го предизвикал губењето на вашиот сексуален интерес, решението најверојатно ќе се прикаже само од себе. Доколку патите од стрес, размислете кои се вашите приоритети во животот, а ако сте во жалост, дајте си доволно време да заздравите.

Ако повеќе од една година не сте почувствувале сексуална желба или потреба да бидете интимни со партнерот, треба да седнете и да се запрашате зошто е тоа така, но и да бидете искрени при наоѓањето одговор.

Погледнете кон вашата врска, бидејќи најчесто проблемот се крие токму таму.

Првата и најчеста причина е лошата љубовна врска или погрешниот избор на партнер. Патот до решението е отворена и искрена комуникација. Сериозен проблем е кога ќе сфатите дека причината не е техниката на партнерот, туку фактот дека тој едноставно не ве привлекува. Иако постојат многу начини со чија помош можете да го зачините вашиот љубовен живот и да ги разбудите старите спомени, факт е дека постојат одлуки кои само вие можете да ги донесете, па ако тој не ви одговара, можеби е време да размислувате за некаква промена.

Ако сте во добра врска и партнерот сѐ уште ве привлекува, тогаш најверојатно исчезнала целата страст од вашиот однос. Ужасно е неправеден фактот дека паровите кои имаат најблиски односи и најдобри врски, често имаат најлош сексуален живот. Во тој случај, поработете на вашата страст и обидете се да пронајдете нови начини на кои можете да го зачините вашиот однос. Со доволно труд и трпение, нештата брзо ќе се вратат на правилниот пат.

Сексот е силно оружје во врските. Ако вашиот партнер е вистински ѕвер во кревет, а надвор од него не ги исполнува тие особини, тоа може да биде доста возбудливо. Од друга страна пак, ако сте повредени, тоа потсвесно ќе се одрази и на вашиот сексуален живот. Проблемите во сексот ретко се врзани исклучиво за сексот, а обично се знак на тоа дека треба да поработите на вашата врска.

Слични објави

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо

Која е тајната на косата на Трамп: Бојадисување на негов начин, лекови и трансплатација

Еспресо
Се вчитува....