11.8 C
Скопје
14:37 - 23 април, 2024

НАЈШОКАНТНИТЕ УБИСТВА ВО ХОЛИВУД: Убиени од партнерот, по првото утринско кафе и зад грб

Холивуд отсекогаш се карактеризирал со гламур, ѕвезди, сјај богатство, луксуз, маѓепсувајќи ги обичните смртници. Од друга страна, ја има и темната страна на Холивуд која и не е толку пријатна. Грабежи, измами, убиства…

Ова се некои од најшокантните убиства во Холивуд, бидејќи жртвите или убијците биле познати и пополуарни низ целиот свет:

Џани Версаче

Модниот магнат излегол на своето последно утринско кафе на 5 јули 1997 година. Набргу се дозна дека виновен за неговата смрт е Ендрју Кунанан, кој откако го убил Џани се криел на брод неколку дена, по што решил да се самоубие. Јавноста никогаш не ги дозна причините за ова убиство…

Фил Хартман

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendrah (@kendrah.bgab)

Фил Хартман беше познат актер и комичар кој беше убиен од неговата сопруга Брин Омдал. Во 1998 година, кариерата на Фил беше во полн ек и којзнае што ќе се случеше ако неговата сопруга во алкохолизирана состојба не одлучеше да го застрела таа мајска ноќ, додека се расправале за проблемите со нејзината зависност. Беше познат како член на актерската екипа на комичното шоу „Saturday Night Live“ и по улогата во анимираната серија „The Simpsons“. Неговата сопруга била жива само уште неколку часа по него. Откако го убила, отишла во куќата на пријател, го признала убиството, викнала полиција, отишла дома, се затворила во соба и се застрелала во главата.

Марвин Геј

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @rocknrroll

Познатиот пејач беше убиен од неговиот татко во 1984 година. Имено, Марвин Геј Сениор и мајката на Марвин се расправале, а пејачот застанал во одбрана на неговата мајка. За жал, ова не било првпат нивниот татко да ги злоставува. По таа несреќна расправија, Марвин Сениор влегол во собата на неговиот син и го застрелал три пати во градите. Марвин почина ден пред неговиот 45-ти роденден. Сениор беше осуден за убиство од прв степен, но казната му била намалена поради тумор на мозокот на 6 години и добил помилување. Починал во дом за стари лица во 1998 година.

Џон Ленон

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iranian.BE (@iranian.be)

Џон Ленон беше убиен од опсесивен обожавател на 8 декември 1980 година. Марк Дејвид Чепмен убиството го планирал неколку месеци. Имено, тој бил лут што „The Beatles“ изјавиле дека се поголеми од Исус и тој сакал да им се одмазди за тоа. Првиот таргет бил Џон Ленон кого Марк го обожавал. Го убил зад грб со 5 куршуми. Сопругата на Џон, Јоко Оно, повикала полиција, а Марк се предал без никаков отпор. Чепмен е во затвор, и досега се одбиени сите негови барања за помилување.

Шерон Тејт

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Tate (@sharontatefile)

Шерон Тејт беше прекрасна американска актерка која го освоила срцето на десетгодини постариот славен режисер Роман Полански кој не можел да ѝ одолее и се вљубил во неа. Но, нивната приказна завршила на најтрагичниот можен начин. Страшното убиство што го шокираше Холивуд и светот се случило на 9 август 1969 година.

Познатата актерка и неколку нејзини пријатели биле убиени од членови на култот Чарлс Менсон во вилата што ја поседувале со нејзиниот сопруг, режисерот Роман Полански. Убијците ги убиле жртвите со бројни убоди со нож, а Шерон, која во тоа време била бремена во осмиот месец, имала дури 16 убоди. Потоа, убијците на влезната врата со нејзината крв го испишале зборот „свиња“. Телата биле пронајдени следното утро од куќната помошничка.

Слични објави

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Еспресо

(Фото) Дали ќе го препознаете? Ќерката на Ален Делон сподели како изгледа денес

еспресо

Цеца и Жељко Јоксимовиќ снимаат дует: На радост на фановите, веќе влегоа во студио!

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо

Браво за пејачот Никола Роквиќ: Ќе пешачи 1 150 км за хуманитарни цели

еспресо
Се вчитува....