21.8 C
Скопје
23:18 - 10 септември, 2026

УРМИТЕ ТРЕБА ДА СТАНАТ НАШЕ СЕКОЈДНЕВНО СЛАТКО: Пет причини да ги вклучите во вашата исхрана

Урмите се од семејството на палми, и ги споменуваа уште древните Феникијци.

 

Се смета дека потекнуваат од регион кој се протега помеѓу Египет и југозападна Азија. Урмите се главната храна на Блискиот Исток илјадници години.

Тие се прилично благи, па затоа се делумна замена за слатките. Меѓутоа, покрај таа корист, нудат бројни здравствени придобивки.

Урмите се богати со хранливи материи

Три урми имаат околу 200 калории и 54 грама јаглени хидрати со околу 5 грама влакна. Тие вклучуваат витамини Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган.

Урмите и антиоксидансите

Покрај содржината на витамини и минерали, урмите се богати со природни антиоксиданси, кои можат да се користат за борба против болестите поврзани со оксидативниот стрес. Оксидативниот стрес се јавува кога постои нерамнотежа помеѓу производството на слободни радикали кои ги оштетуваат клетките и способноста на телото да се спротивстави на нивните штетни ефекти. Урмите исто така содржат антиинфламаторни и антимикробни соединенија, што значи дека тие играат улога во борбата против заразни болести. Имаат и антигабични својства, пишува Здравје.

unsplash

Урмите се природно благо

Многу луѓе мислат дека урмите се сушено овошје, но тие всушност се свежо овошје. Бидејќи тие се необработени, шеќерот се појавува природно.

Урмите и дигестивно здравје

Според истражувањата, три урми обезбедуваат околу 18% од дневниот внес на влакна, што ја поддржува добрата дигестивна функција.

Урмите го намалуваат холестеролот

Урмите имаат способност да го намалат нивото на ЛДЛ, несакан холестерол во телото. Тие се одлична храна за оние кои имаат висок холестерол, што подоцна може да доведе до таложење на маснотии и бројни кардиоваскуларни проблеми.

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....