14.8 C
Скопје
01:01 - 2 мај, 2024

Најчестите проблеми со кои се соочуваат паровите за време на сексот

Кога е сексот во прашање, нормално дека очекувате возбудливо и страствено време поминато со вашиот партнер. Освен што е многу важен дел од врската, сексот е еден од начините за емоционално да се поврзете со партнерот.

Сепак, некогаш работите едноставно не функционираат така.

1. Неусогласено либидо

Факт е дека еден од партнерите секогаш сака повеќе секс. Но, сексологот Емили Морс, тврди дека доаѓа до проблеми, ако станува збор за преголема разлика. Освен што ниту еден од партнерите нема да биде задоволен, тоа често знае да биде и извор за фрустрација и причина за расправија. Овоие ситуации можете да ги подобрите со отворен разговор, разбирање и понекој компромис.

2. Недостаток на комуникација

Морс тврди дека колку повеќе разговарате за сексот, толку тој ќе биде подобар и поквалитетен. Советот кој би требало да го примените е комуникација, но не во спалната соба, туку на неутрална територија, на која никогаш не сте воделе љубов. Никогаш немојте да ја обвинувате другата личност, туку обидете се да пронајдете заеднично решение.

3. Кратка предигра

Истражувањата покажале дека на повеќето жени, во просек им се потребни 18 минути предигра, за целосно да се возбудат. Никако немојте да го прескокнувате овој дел од сексот, бидете креативни и не заборавајте на отворена комуникација.

4. Досаден секс

Можете да го обвините партнерот за овој проблем, но сепак вие имате 50% удел во тој чин. Затоа, наместо да обвинувате било кој, земете ја работата во свои раце, пробајте друг простор, други пози и вратете ја страста на вашата врска.

5. Недостаток на време

Обврските главно ве водат во вашиот живот и едноставно не наоѓате време за интимност. Сепак, и покрај сите обврски, треба да имате време за себе, но време и за својот партнер. За да го пронајдете тоа потребно време, поставете го сексот на врвот од скалата на приоритети. Освен што повторно ќе ја разгорите страста во креветот, ќе имате на што да се радувате во морето од обврски и грижи.

6. Долго временско растојание помеѓу оргазмите

Проблемот со прерана ејакулација не е новост. Ако и вашиот партнер го има истиот проблем, разговарајте со него, со што би го решиле проблемот и можеби ќе пронајдете начини со коишто може подобро да ве задоволи.

7. Вагинална сувост

Ова е сериозен проблем, бидејќи, освен што сексот не е добар, за вас може да биде и многу болен. Но, за решавање на вагиналната сувост, постои едноставно решение, а тоа се лубрикантите. Тие исто така можат да го зачинат сексот, бидејќи постојат дури и во различни вкусови.

Слични објави

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....