4.8 C
Скопје
08:52 - 17 ноември, 2024

Меѓу вас нешто не е во ред – Јасни знаци дека вашиот партнер е несреќен!

Вашиот партнер се однесува чудно и имате чувство дека не е баш среќен како што знае да биде или пак некогаш бил. Се сомневате, но не сте сигурни во ова и не сакате да кажете или посочите нешто предвреме, за да не ги расипете односите. Подолу прочитајте седум знаци кои ќе ви укажат или потврдат дека вашиот партнер навистина не е среќен во врската.

1. Често заглавува на работа
Ако партнерот почне да останува често на работа и после работно време или често оди на бизнис кафиња и состаноци, ова е знак дека ве избегнува.

2. Постојано е нерасположен и делува депресивно
Ако делува тивко и повлечено повеќе од обично и ако лесно се нервира и избувнува без очигледна причина, ова се знаци дека тој/таа не е среќен во ситуацијата во која што е.

3. Не се труди ни да се расправа
Иако никој не сака кавги, дискусии и расправии се дел од секоја здрава врска. Па ако вашиот партнер одеднаш почнува да не се труди да реши нешто со вас и да се расправа на некоја тема што обично би се расправал, ова значи дека не се ни труди и дека можеби веќе се откажал од вас.

4. Останува до доцна навечер многу после вас
Ова важи за паровите што живеат заедно – ако чека да си легнете и не си легнува со вас, за секс, гушкање или читање нешто, има некој проблем. Ако без конретна причина партнерот го прави ова, значи дека ве избегнува.

5. Бара внимание
Ако не сте му посветувале доволно време на партнерот, ќе почне очигледно да бара внимание од вас. Ова може да биде директно посочување на проблемот или пак индиректно – барање помош од вас за ситници.

6. Го нервира се кај вас
Ако партнерот почне да ви префрла или да ги критикува сите оние нешта што некогаш ги сметал за кул, интересни и уникатни кај вас, има проблем. Дури и да не правите ништо погрешно, ова може да се случи и е знак дека најверојатно се ближи крај на врската.

7. Не прашува за вашиот ден
Вашиот парнер треба да одвои минута за да ве праша како ви поминал денот, што се случило на работа со задачата која што ви била бито и слично. Но ако веќе не го прави тоа или заборава на вашите обврски кои добро ги знае, значи дека веќе не се грижи толку за вас.

Доколку овие знаци ги забележите кај партнерот, најдобро е да седнете и разговарате за истото. Одеднаш рипнување во караница не е одговор на проблемот – можеби партнерот страда од друга емотивна состојба што нема врска со вас, а не ја споделил или уште не е свесен за истата.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....