26.6 C
Скопје
09:24 - 8 јули, 2026

КОГА ЕЛТОН ЏОН ЗАЧЕКОРИ ДО ОЛТАРОТ СО ЖЕНА: Неговиот љубовник му беше кум, а дечкото го гледаше од прозорот на хотелот

Елтон Џон е човек кој одбиваше да подлегне на правилата на општеството во 70-те и 80-те и да го крие вистинското јас, живееше така како што сакаше. Екстравагантни костими, шминка и „откачените“ наочари кои само храбрите во тоа време би ги носеле, а кои и му станаа заштитен знак, а за неговата сексуална определба се зборува од кога се појави во очите на јавноста…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

Во јануари 1976 година во едно интервју Елтон Џон се изјасни како бисексуалец, а неговите пријатели и семејството, па и јавноста знаеа дека е навистина хомосексуалец, поради што сите беа шокирани кога беше објавено дека Елтон Џон ќе се венча со жена.

Тогаш 30-годишниот музичар се заколна на вечна љубов спрема 6 години помладата германка Ренати Блауел во 1984 година. Парот се венчаше во Австрија, а кум им беше Џон Рид – тогашниот менаџер и поранешен љубовник на Елтон Џон. Наводно, дечкото на Елтон, Кларк, ја гледал свадбата низ прозорецот од хотелот.

ЕЛТОН ЏОН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСОТ: Долгоочекуваните концерти се откажани!

Никој не  ја криеше својата изненаденост за оваа венчавка, а музичарот Род Стјуарт прати телеграма во која напишал, алудирајќи на песмата од Елтон „I’m Still Standing“.

„Можеби ти се уште стоиш, но сите ние сме на е**ниот под!“.

Елтон ја запознал Блауел додека го снимал својот хит „Don’t Go Breaking My Heart“. Убавата Германка, која била стјуардеса и работела на звукот со својот шарм лесно го магепсала Британцот. Тие се зближиле на професионален и приватен план, а почетокот на 1984 година, Елтон ја запросил додека уживале во индијска храна, а се венчале 3 дена подоцна.

„Тоа беше… како да се одлучи да се прилагоди и има „нормален“ живот“, изјави во една прилика новинарката Лесли-Ен Џонс. „Но, тоа не се случи“.

Бракот помеѓу двајцата траел 4 години, за време на кои таа се борела со тоа колку внимание привлекува, а музичарот со бројни текстови за неговата сексуалност. Тие се развеле во 1988 година, а Елтон Џон истата година „излезе вон ѕидовите“ и започна да зборува за себе како за хомосексуалец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Furnish (@davidfurnish)

Денес музичарот е во истополов брак. Од 1993 година е со Дејвид Фурниш, со кој во 2005 година стапи во граѓанска заедница, првиот ден кога тоа беше овозможено во Велика Британија, а кога во 2014 година беа дозволени истополовите бракови, нивната заедница беше официјализирана пред законот – стапија во брак. Парот има 2 сина, кои ги добија со помош на сурогат-мајка и ги нарекоа Закари Џексон Левон Фурниш-Џон и Елајџа Џозеф Даниел Фурниш-Џон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Furnish (@davidfurnish)

Слични објави

(Видео) Татјана Лазаревска емотивно за Владо Јаневски од Австралија, му ја посвети нивната „химна“

Еспресо

Хороскоп за 8 јули: Стрелците ќе имаат проблем со љубоморен партнер, Овните ќе имаат соработка со странство

Еспресо

(Фото) Тамара Чуприна го одбележа 30. роденден со најблиските – сопругата на Дарко Велковски направи голема прослава

Еспресо

Едина Муса откри дека морала повторно да се подложи на операција

Еспресо

Анегдота на Игор Џамбазов за случката со Владо Јаневски на избор за мис

Еспресо

Дарко Лазиќ се огласи за уапсената Лаура, за која се тврдеше дека била видена со него во хотел

Еспресо
Се вчитува....