05:45 - 4 ноември, 2026

ЈА ЗАДЕВАЛЕ, А СЕГА ЗАРАБОТУВА ОД СВОЈОТ ИЗГЛЕД: Девојче со редок синдром на „тврда коса“ инспирира на социјалните мрежи

Шејла Калверт-Џин, единаесетгодишно девојче од Мелбурн, Австралија, е една од стотиците луѓе ширум светот со синдром што нема ни име на македонски јазик. Во слободен превод, би можеле да го наречеме „синдром на тврда коса“.

Тоа е ретко генетско нарушување што го прави речиси невозможно чешлањето и исправањето на косата. Луѓето со оваа „аномалија“ обично имаат руса, „сламена“ и „неуредна“ коса, а синдромот се јавува на возраст од три месеци до 12 години.

Оваа необична девојка стана позната личност на социјалните мрежи откако нејзините родители ѝ отвориле инстаграм-профил, со цел да му покажат на светот како оваа девојка се справува со различностите и коментарите од страна на другите луѓе.

Коментарите во повеќето случаи се позитивни, а многумина девојчето го споредуваат со славниот научник Алберт Ајнштајн, бидејќи нивната коса е речиси идентична, само што таа и изгледа неодоливо.

„Ја сакам мојата коса бидејќи е уникатна, не е здодевна и обична како на другите луѓе. Сите ме препознаваат и ме паметат по фризурата, тоа е кул. Мислам дека повеќето од моите пријатели би сакале да имаат коса како мојата“, вели преслатката Шејла.

Сепак, семејството дури и не знаело дека девојчето има генетска мутација до пред четири години, но со една посета на лекар, тие дознале за што станува збор.

Нејзиниот постар брат Тилан е најголемиот заштитник на Шејла, особено кога другите деца ја задевале поради нејзиниот необичен изглед.

„Не се само децата проблем и возрасните можат да бидат прилично непријатни. Секој сака да ја допре нејзината коса без да прашаат и да ја фотографираат, а коментарите често знаат да бидат несоодветни“, вели мајката на девојчето, Селест.

Сепак, Шејла и нејзиното семејство целата приказна успешно ја свртеле во своја корист, бидејќи девојчето сега заработува од манекенството и популарноста што ја стекна.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....