2.8 C
Скопје
07:41 - 7 октомври, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) ВНУК И НЕГОВАТА 95-ГОДИШНА БАБА ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Бабичката е вистинска ѕвезда

Рос Смит и неговата 95-годишна баба се вистинска интернет сензација со нивните забавни видеа и фотографии. Рос на неговиот јутјуб-канал има над 2,4 милиони следбеници, додека на социјалната мрежа „Инстаграм“ го следат уште 2,5 милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ross Smith (@rosssmith)

Рос отсекогаш сметал дека неговата баба е многу забавна и сакал да ја сподели нејзината енергија со светот. Затоа одлучил да почне да споделува забавни спомени, видеа и фотографии со луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ross Smith (@rosssmith)

Нивните фотографии се навистина посебни, а на голем дел од нив, тие се облекуваат во иста облека, имаат исти костими или следат одредена тема.

Што се однесува до видеата, Рос за „Brightside“ изјави дека видеата понекогаш се направени за да ја забавуваат публиката, а понекогаш се одраз на реални ситуации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ross Smith (@rosssmith)

95-годишната бабичка е вистинска везда

Имено, на почетокот на бабичката ѝ било непријатно и тешко да снима и позира. Но, таа брзо го сфатила сето тоа и денес добро се справува со секој нов предизвик што ќе ѝ го предложи нејзиниот внук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ross Smith (@rosssmith)

Како што вели нејзиниот внук, таа сака да комуницира со луѓе и да се забавува, а воедно забавува и прави среќни многу други луѓе.

Кога Смит и неговата баба почнале да снимаат видеа и да прават интересни фотографии, повеќето членови на неговото семејство биле шокирани. Сега, како што вели Смит, за нив ова станало сосема нормално, така што остатокот од семејството со нетрпение очекува што следно ќе смислат Смит и неговата баба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ross Smith (@rosssmith)


Содржините што ги создаваат може да изгледаат едноставни, но всушност се работи за многу тежок процес. Снимањето на видео од 3 до 5 минути може да трае една недела или две, и тоа е скап потфат. Тој вели дека во последните 9 години работел во просек од 16 до 18 часа на ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ross Smith (@rosssmith)

Добро е што и бабата на Рос сака да создава содржина и за неа тоа е многу забавен и креативен процес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ross Smith (@rosssmith)

Повеќето нивни обожаватели ги поддржуваат, а Смит верува дека успеале благодарение на поддршката од нивните фанови.

Иако „мозокот“ зад видеата е претежно Смит, мора да признаеме дека бабичката сепак привлекува повеќе внимание. И покрај тоа што има 95 години, бабата на Смит е незапирлива и полна со сила, радост и енергија.

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....