22.8 C
Скопје
13:18 - 1 октомври, 2026

СИТНИЦА“ ЗА ПОДОБАР СЕКСУАЛЕН ЖИВОТ: Најновите истражувања покажаа дека луѓето кои имаат редовен сексуален однос се генерално поуспешни и посреќни.

Жените кои се чувствувале несигурни во врска со своето тело, доживуваат и обезбедуваат помалку задоволство во кревет отколку оние жени за чии партнери изгледот не е предуслов за задоволство. Ова може лесно да се реши…

Добриот сексуален живот се рефлектира и во други области од вашиот живот. Најновите истражувања покажаа дека луѓето кои имаат редовен сексуален однос се генерално поуспешни и посреќни.

Но, што ако не сте задоволни со вашиот сексуален живот?

Дури и малите промени во навиките можат да направат „чудо“. На жените не им е лесно да се релаксираат, особено ако се борат со вишокот килограми, а со тоа им опаѓа самодовербата. Криењето на сопственото тело е приоритет за многу жени за време на сексуалниот однос, поради што тие не можат да се релаксираат или целосно да уживаат.

Експертите за врски и терапевтите советуваат како може да направите сериозна промена во вашиот сексуален живот со само една мала работа – дајте му комплимент на вашиот партнер.

Студијата, објавена во списанието „ Journal of Sex and Marital Therapy “, опфати 200 жени на возраст од 18 до 30 години, кои во тоа време биле во врска. Експертите ги испрашувале како се чувствуваат кога станува збор за нивното тело и што мислат нивните партнери за нивниот изглед.

Жените даваа одговори за нивниот сексуален живот, колку често чувствуваат сексуална желба, степенот на возбуда, дали користат лубриканти и колку често, дали доживуваат оргазми…

Резултатите покажаа дека жените, кои се чувствуваа несигурни со своето тело, доживувале и давале помало задоволство во кревет, за разлика од оние жени чии партнери не го гледале нивниот изглед како предуслов за задоволство и кои често знаеле да ги пофалат своите партнерки и нивниот изглед и покрај „несовршеностите“. Жenените кои се чувствуваат привлечно имаат подобри сексуални искуства и се чувствуваат попривлечно доколку нивните партнери ги прифатат такви какви што се.

Фото: Архива

Еден од заклучоците е дека мажите кои знаат кога да дадат комплимент на својата партнерка, се сметаат за подобри љубовници.

Слични објави

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

Септемвриски попусти во Wood Room – време е за нова маса од масивно дрво

Еспресо

Упорната жед е порака од вашиот организам – Лекарите откриваат 10 причини зошто постојано сте жедни

Т.Ц.

Искористете ги септемвриските попусти во Wood Room и освежете го домот со квалитетни маси од масивно дрво

Еспресо
Се вчитува....