16:54 - 18 август, 2026

МАЖОТ КОЈ ИЗНЕВЕРУВА НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ОСТАВИ ЖЕНАТА: Ти си поважна од неа и оние пред неа …

Кога била мала, некој ѝ рекол дека љубовта е страдање.

Тој ја изневерува постојано, но никогаш не одлучува да ја напушти. Сопругата на таков човек чувствува голема болка и огорченост. Не може да се бори затоа што нема сила. Меѓутоа, во неа има едно чувство кое овој измамник неможе да го уништи, чувствот на надеж.

Истата таа надеж ѝ вели: Веројатно многу те сака и затоа не заминува засекогаш. Ти си поважна од неа и оние пред неа …

Мажот ве изневерува, но останувате заедно

Сопругата на таков човек или целосно се предава на бездната и предавството на нејзиниот сопруг, или се обидува да биде подобра од таа друга жена … Таа оди против нејзините вредности, верувања, природа и чувства, сè со надеж дека ќе го „врати“ кај себе и семејството …

Постојат три причини зошто жената го трпи прељубникот:

  1. Кога била мала, некој ѝ рекол дека љубовта е страдање. Дека треба да се бориш за љубовта засекогаш. Таа пораснала, но приказната останала врежана во нејзината меморија. Затоа страда секој ден, затоа што мисли дека мора да биде така … Но, не мора.
  2. Ниска самодоверба и неразбирање на сопствените вредности. Неспособност да одлучите што е добро за вас и како да се однесувате. Очекувате партнерот да ве направи среќни.
  3. Никогаш не си признала дека сопругот ја изневерува. Постојано живее во илузии, чувствува болка, но не дозволува таа болка да исплива на површина.

љубов

А зошто мажот не ја напушта жената иако ја изневерува со години, или дури и ако има постојана љубовница?

  1. Тоа е погодна ситуација за него: тој има уреден живот и хармонија со својата сопруга, додека истовремено тука е и чувството за авантура и ентузијазам со својата љубовница. Тој добива сè што сака.
  2. Неговата болна гордост: му ласка дека неколку жени го сакаат во исто време. За него, тоа значи дека е достоен за таа љубов и дека навистина ја заслужува.
  3. Не е финансиски профитабилно за него да се разведе: тоа би значело дека треба да го подели својот имот. И тогаш тој ќе мора повторно да се ожени со таа љубовница, а потоа повторно да биде „во иста каша“ …
  4. Проблем од мали нозе: не може да изгради здрава врска. Се бори со силни чувства кон сопругата, но и кон љубовницата. Тој не може да се одлучи само за една жена.

Како што можете да видите, проблемот не е во жената, туку во мажот: тој е оној кој се бори со себе, обидувајќи се да го најде своето место под сонцето.

Жените кои имаат ваков сопруг треба да си постават само едно прашање: „Дали навистина сакате да живеете во таков брак?“

Слични објави

(Фото) „Фала ти за сè, мир Божји“: Зои Блаж со сопругот Тадеј и ќеркичката Мариа го посети Острог

Еспресо

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.
Се вчитува....