22:32 - 29 ноември, 2026

(ФОТО) ЦРН ДИЈАМАНТ ОД 555 КАРАТИ: „Енигма“ претставена во Дубаи

 „Енигма“ е името на единствениот црн дијамант кој има 555,55 карати, а експертите сметаат дека неговото потекло е космичко. Овој исклучително редок скапоцен камен пред два дена им беше прикажан на новинарите во аукциската куќа „Садеби“ во Дубаи, а патувањето го продолжува во Лос Анџелес, каде што ќе биде претставен и пред локалната публика, пренесува  „Асошиејтед прес“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lotus News (@lotusnews_)


Дијамантот треба да биде понуден на продажба во Лондон следниот месец, а организаторите од аукциската куќа „Садеби“ очекуваат дека ќе достигне вредност од близу седум милиони долари.

Бројот пет е многу важен за дијамантот, а тој број се провлекува во овој црн скапоцен камен кој има 55 аспекти, изјави Софи Стивенс, специјалист за накит во „Садебија“ во Дубаи.

„Обликот на дијамантот се заснова на блискоисточниот симбол на дланката хамса, што значи сила и заштита, а хамса на арапски значи и број пет“, изјавил Стивенс за АП.

Таа, исто како и другите експерти, смета дека црниот дијамант има вонземско потекло, дека најверојатно настанал кога метеорит паднал на земја. Теоријата за космичкото потекло на овој скапоцен камен се заснова на неговите јаглеродни изотопи и високата содржина на водород.


Црните скапоцени камења, велат експертите, се исклучително ретки и можат да се најдат само во Бразил и Централна Африка.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....