Сакате нова енергија во својот сексуален живот? Тогаш во предиграта со партнерот изедете и чинија со овие 5 овошја.
Многу витамини кои ги содржат овошјата делуваат на либидото и го подобруваат сексот. Нормално дека многу фактори влијаат на нашиот сексуален живот, но доколку сакате дополнителна помош, овие овошја имаат неверојатен афродизијачки ефект:
Јагоди
Јагодите делуваат на страста во креветот. Причината за тоа се големите количини на витамин Ц и цинк кои го зајакнуваат либидото. Освен што јагодите се добри за љубовниот живот, штитат и од спонтан абортус.
Цитрусни плодови
Со консумацијата на портокали, лимони или грејпфрут првенствено ќе профитираат мажите. Цитрусите се богати со витаминот Ц и го подобруваат квалитетот на спермата.
Смокви
Ова овошје е едно од најпознатите афродизијаци. Смоквите содржат супстанци кои се добри за срцето, заситуваат, а не предизвикуваат надуеност. Освен тоа, содржат и доста витализирачки состојки како што е на пример фосфорот.
Калинка
Калинката не била без причина омилено овошје на божицата на љубовта, Афродита. Овој плод е симбол на страственост и плодност. Па затоа се исплати да ги консумирате овие вкусни мали црвени бобинки. Калинката содржи естрон кој позитивно делува на либидото.
Банани
Супстанците кои ги содржи бананата делуваат позитивно на сексуалните хормони кај мажите. Освен тоа, бананите содржат магнезиум кој ја стимулира простатата.