14.8 C
Скопје
19:00 - 28 март, 2024

Џони Штулиќ: Не ми недостига Југославија, подобро ќе беше да се занимавав со бадминтон

Некогашниот фронтмен на една од најпознатите и своевремено најславни рок групи на Балканот „Азра“, композитор и текстописец, но и култна личност во поранешна Југославија, Бранимир Џони Штулиќ, во интервју за НИН, меѓу другото, зборува и за новата биографија која ја пишувал Иван Ивачковиќ, распадот на СФРЈ, актуелната состојба во светот, но и за шансите повторно да почне да се занимава со музика.

Ви пренесуваме дел од тоа интервју.

Штулиќ во интервјуто изразил незадоволство од последната биографија, која во книгата „Помеѓу крајноста“, ја напишал новинарот и критичар Иван Ивачковиќ.

Штулиќ сега вели дека Ивачковиќ не знае ништо за него, за да може да пишува за неговиот живот.

Книгата официјално се вика водич низ албумите на „Азра“ и нема врска со моја биографија. Тој не знае ништо за мене. Јас таа книга ја немам читано, но знам дека има 250 страници и десетина фотогтсафии, што значи дека има помалку пишани страници од 250. Така се поплнува простор. Јас издадов 14 албуми, така што речиси цела книга може да се пополни со фотографии. Не знам што тој воопшто знае за мене, освен она што може да го извади од албумите и нешто да зборува за тоа – нагласил Штулиќ.

На прашањето како сега гледа на властите на просториите на поранешна Југославија, Штулиќ вели дека тоа не го интересира многу.

Немам поима, не следам се. Морам да кажам дека, кога станува збор за јазикот кој ја одредува националноста, јас го нарекувам нашки, тој ги покрива Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора, а Македонија и Словенија се друго – рекол Штулиќ.

Познатиот музичар во интервјуто зборувајќи за политиката, раскажал и за тоа дека му бил нуден пасошот на Србија, но дека не го прифатил, бидејќи тој не го барал, а не сакал да се наметнува со сила.

Штулиќ нагласил и дека Југославија не му недостасува, а од оваа перспектива вели дека подобро би било во животот да избрал да се занимава со бадминтон, иако тврди дека отсекогаш ги обожавал фудбалот и свирењето.

На прашањта за поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито, Бранимир Штулиќ, вели дека тој бил човек „каков што треба да биде“.

Ми се допаѓаше Тито. Го обожавав неговиот став. Сега, тоа што тој го прикажуваше беше само површината секако. Сигурно имало стотици подруми под тоа, што не значи дека се било како што треба. Меѓутоа, во однос на ова сега, тогаш сигурно беше подобро – истакнал Штулиќ.

Од друга страна, кога станува збор за музиката, Штулиќ во интервјуто вели дека полека но сигурно свирењето се помалку му недостига.

– Времето си го прави своето, па така свирењето се помалку и помалку ми недостига. Де факто, јас плаќав за да можам да свирам, никој не ме плаќаше мене. За мене свирењето е слобода, а слободата е како воздух – вели Штулиќ.

За можноста повторно да засвири, поранешниот фронтмен на „Азра“ рекол:

За човек повторно да може да свири, тој би морал една година да држи гитара во рака, јас тоа не го правев, бидејќи правам многу други работи. Сакам да свирам, но повеќе не ми се свири, едноставно немам желба – заклучил Штулиќ.

Слични објави

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо
Се вчитува....