7.8 C
Скопје
07:01 - 29 март, 2024

Анѓела патува во Кина да ја претставува Македонија: „Ако сакав пари ќе станев политичарка, а не мисица“ (ФОТО)

Да ги браниш боите на својата татковина е навистина голема чест и привилегија. Безразлика дали си фудбалер, кошаркар, ракометар или пак друго….

Да бидеме искрени, за жал нашата земја не може да се пофали со поголеми значајни спортски успеси, но за тоа пак кога станува збор за изборите за убавина, тука можеме гордо да кренеме глава и да се пофалиме со доста титули…

Се надеваме дека ќе се гордееме и по изборот „Miss Model of the World“ кој ќе се одржува во Кина, поточно во градот Шензен, бидејќи боите на Македонија ќе ги брани преубавата скопјанка Анѓела Јакимовска.

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Изборот ќе започне на втори ноември, а ќе трае неколку недели со цел сите кандидатки да имаат време да си ја претстават својата земја во најдобро светло.

Таа на само неколку дена пред полетување за Кина, специјално позираше пред фотообјективот на „Слободен Печат“. Се разбира, ја искористивме приликата и ја прашавме работи кои не интересираа нас, а веруваме дека ќе ги интересираат и нашите читатели…

С.П. Најпрво честитки што ќе ја претставуваш нашата земја на овој избор за убавина. Како дојде до тоа токму ти да бидеш нашата претставничка?

– Ти благодарам, одговорноста е голема, но ќе се потрудам да ги оправдам очекувањата. Годинава бев навистина активна на ова поле, па веројатно освоените титули и круни на други избори за убавина ми дадоа кредибилитет за да јас бидам избрана да ја претставувам Македонија на „Мис Модел“ на Светот. Одлуката ја донесе националниот директор Роберт Граматиков, а јас ја прифатив поканата.

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

С.П. Колку земји, колку девојки ќе има на овој избор?

– На овој избор за убавина ќе учествуваат 60 држави.

С.П. Сведоци сме дека секогаш манекенките кои одат да ја претставуваат нашата земја се соочуваат со организациски и финансиски проблеми. Каков е случајот со тебе?

– Јас се водам по принципот дека со добра организација не постојат проблеми, а ако нема поволни услови самата ги креирам.  Досега учествував на голем број на избори за убавина каде што генерално менаџерот водел сметка за спонзорствата.  Нана, Ал Апарел Наташа Карцева, Марина Белле, Ана Бора се низа од квалитетни модни брендови кои не спонзорирале и максимално ме подржале во мојата работа.  Националните костими како и голем број на коктел фустани потребни за досегашните избори на мис се дизајн на мојата мајка. Досега не сум имала никакви проблеми затоа што не сум конфликтна личност,  а единствен проблем ми било тоа што на овие избори за Мис морам  да се подготвувам како да одам на важна свеченост уште во 6 часот наутро и така секој ден во рамките на тие три недели додека трае натпреварот. Организациските и финансиските такаречени “проблеми” се илузија, материјализмот е лажиран успех,  креативноста, идеите и идентитетот ме донесоа по втор пат во Кина.

С.П. Скоро на сите избори за убавина има и талент-шоу! Што имаш подготвено ти?

– Кога прв пат се пријавив на избор за убавина во Бугарија осмислив сценарио и глумев, а овој пат ќе танцувам. Како дете посетував часови по модерен балет, а кога бев средношколка бев дел од танчарската група Beatrix Crew. Годинава за потребите на талент шоуто на Мис модел на Свет осмислив кореографија, а околу музиката ми помогна вработен во Македонскиот Народен Театар, Дарко Младеновски.

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

С.П. Си учествувала и на други избори за убавина низ светот. Каде било најубаво?

– Доколку зборуваме за убавината на земјите во коишто сум се натпреварувала би ја издвоила Кина. Јас го посетив градот Ченгду, дестинација карактеристична по пандите, зачинетата храна и  неверојатна природа, но доколку зборуваме за убавина од организациско ниво изборите за убавина во Европа се далеку порелаксирани во споредба со изборите за убавина во Азија.

С.П. Има ли местенки на ваквите избори за убавина? Си била сведок на нешто такво?

– Ќе ве излажам ако ви кажам дека нема местенки, но победникот што мамел никогаш нема да се чуствува како победник, длабоко во себе тој ќе знае дека е измамник. Не секогаш има местенки, но затоа постојат политички прашања кои што се разгледуваат на овие избори за убавина.  Јас сум искусила и фер натпревари каде што победнците се реални и очигледни. Изборите за Мис  учат на тоа дека доколку сакате да победувате морате да знаете и да губите.

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

С.П. Како е да се биде манекенка во Македонија? Кои се позитивните, а кои негативните страни?

– Знаете како, во едно одделение професорот со  еден ученик е лош, а со  друг е добар, а професорот е ист и училиштето е исто. Македонија има талентирани фотографи, креативни дизајнери и атрактивни девојки па затоа работа секогаш ќе има. Позитивна страна во целата оваа приказна е тоа што јас ја сакам модата, фотографијата и  уметноста. Негативна страна на манекенството во Македонија е тоа што модни ревии има во мал број, а се врши селекција на голем број на манекенки. Голема понуда, а мала побарувачка па затоа мораме да се пласираме и надвор од нашата земја.

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

С.П. Кое е твоето мислење на стереотипот дека манекенките се само убави и ништо повеќе…?

– Модниот свет става акцент на физичкото па веројатно затоа луѓето така не доживуваат. Таквите стереотипи произлегуваат од погрешното толкување на женственоста и сензуалноста. Физичката убавина не може да биде мерило за способност, бидејќи сето тоа е игра на гените. Убавината е проекција на она внатрешното, но вистина е дека жените кои не знаеле како со својата убавина доживеале и негативна крајност.

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

С.П.  Се исплати да се занимаваш со оваа професија тука кај нас?

– Кога започнав да се занимавам со манекенство, не започнав размислувајќи дали ќе ми се исплати или не, започнав затоа што оваа професија ме привлекуваше, а се родив висока и имав понуди за работа. Доколку бираме исплатливи професии сите ќе бевме политичари, програмери и електро инжињери, тоа се бара “сите така велат”, но многу е подобро да се насочиме кон професии за кои што сме преодредени. Некој произведува производи ама друг треба да ги рекламира, во споротивно нема продажба.

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

С.П.  Си добила ли непристојни предлози, понуди само поради тоа што си манекенка?

– Непристојните понуди секогаш ќе бидат непристојни без оглед на тоа дали се упатени на манекенка, докторка ,професорка или можеби актерка. Тоа се понуди еквивалентни на мито и корупција, а јас сум целосно легална.

Фустанот кој го носи Анѓела е креација на дизајнерката Ивана Кнез од „Драма студио“.

Слични објави

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев
Се вчитува....