06:07 - 29 ноември, 2026

Викенд љубовџии: Два хороскопски знаци магнетски ќе ги привлечат и поранешните и идни партнери

Астролозите именуваа два знака на Зодијакот кои ќе бидат магнетски привлечни во периодот од 1 до 3 декември, односно овој викенд.

Ќе зрачат со позитивна енергија, а особено жените родени во овие два знака ќе бидат „попрскани“ со златна прашинка од Универзумот, па ќе биде невозможно да им се одолее.

Кој ќе привлекува поранешни, сегашни и идни партнери, прочитајте во продолжение.

Лав

Лавот навистина ќе покаже дека е доминантен дури и меѓу најдоминантните кои се во негова близина. Ќе зрачи со позитивност, моќност и посебна заводливост. Оттука е прв на астро листата на најпривлечни овој викенд. Очекувајте интересни средби, нови познанства, флертови, но и – средби или телефонски повик од поранешните љубовници. Како ќе постапите во ваква конфузна љубовна ситуација, останува на вас. Ѕвездите стојат зад одлуките на вашето срце.

Вага

Љубовта ќе биде главен протагонист во животот на Вагите овој викенд. И тоа буквално. Сепак, астролозите советуваат да внимавате! Оние кои се во врска, можат да бидат „фатени“ во неверство. Слободните Ваги пак, можат да влетаат во бурна врска поради која ќе запостават важни обврски. Затоа, астролозите ве советуваат вашата силна енергија и магнетизам да ги искористите на вистински начин – романтика, нежност и вечера под свеќи. Без претерување.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....