7.8 C
Скопје
00:06 - 28 април, 2024

Што ни подготвија ѕвездите за 28 мај: Раковите со нереални очекувања, Девиците дејствуваат инстинкт, а Лавовите постапуваат мудро

Овен

Вложувате многу труд, но на крајот не оставате позитивен впечаток кај одредени соработници. Побарајте добар совет или нечие посредување во врска со бизнисот што го правите. Нема причина да го криете вашето емоционално незадоволство од личност која добро ги познава вашите силни или слаби страни. Ќе се чувствувате подобро во искрената доверба и блискост.

Бик

Договорот со едно лице ве обврзува на одредени услови или на строга деловна дискреција. Сепак, имате различни идеи и нема да дозволите никој да одлучува во ваше име за деловни интереси. Понекогаш сакате повеќе отколку што можете. Партнерот се однесува пргаво додека ги слуша вашите забелешки. Бидете реални во проценката на нечии можности.

Близнаци

Бидете доволно внимателни пред личноста која ве обврзува на одредени услови во деловната соработка. Важно е да ги зачувате вашите интереси и добрите односи со околината. Чувството на емоционална блискост во вас поттикнува позитивно расположение и креативна енергија. Добро е да се ориентирате кон подобрата страна на реалноста.

Рак

Завршете ги потребните работи поврзани со вашиот специфичен дел од работата и подгответе го теренот за идните деловни потфати што ве очекуваат. Потрудете се да не го расипете инаку доста солиден ден во сферата на љубовните врски со нереални очекувања за да избегнете потенцијални разочарувања.

Лав

Постапувате мудро и промислено при средбата со вашите соработници. Нема причина да се однесувате наметливо, но оставете ги другите да зборуваат за вашиот успех или во ваша корист. Покажете искрен интерес за идеите што ги има вашиот партнер. Избегнувајте разни емотивни провокации или нова љубоморна сцена бидејќи нема причина многу да се тресете.

Девица

Донесувате рационални одлуки, но понекогаш треба да дејствувате по инстинкт. Повнимателно гледајте ги вашите соработници и насочете ја приказната во насока која води до некој заеднички успех. Сè е можно доколку доволно инспирирате и сте истрајни во намерите пред саканата личност. Бидете доволно доследни во она што го мислите и сакате.

Вага

Нема причина да ги обвинувате другите за вашиот моментален неуспех. Можно е грешките да се во вас, а не во околината. Понекогаш е тешко да се признае личниот пораз, но тој е неизбежен.
Повнимателно анализирајте го однесувањето на вашиот партнер бидејќи може да има некои непознати околности или детали кои ве невираат.

Скорпија

Ако премногу критикувате нечие однесување, тогаш мора да ги прифатите можните негативни реакции. Се грижите за промена на нечиј однос или дополнителни услови кои ви ги наметнуваат одредени соработници. Избегнувајте провокативни ситуации или личност која не ги задоволува вашите емотивни критериуми. Потребно ви е искрено внимание и разбирање.

Стрелец

Важно е да оставите сериозен впечаток. Околината има доволно слух или интерес за да ги поддржи вашите идеи. Новите деловни настани можат да ве претстават во позитивно светло. Покажете дека имате разбирање за саканата личност. Имагинацијата секогаш изгледа како бескрајна инспирација во вистинското друштво.

Јарец

Ветувањата што ги добивате не се гаранција за деловна добивка. Треба да реагирате во одреден момент и категорично да ги заштитите вашите интереси. Обидете се да делувате доволно волшебно и инспиративно пред вашата сакана и не дозволувајте да отстапите од некои заеднички планови.

Водолија

Не дозволувајте некој да ве оптоварува со погрешни идеи или ненадејно да ве условува. Ваше е да им предложите на соработниците корисно решение кое треба да задоволува различни интереси. Често го губите трпението со саканата личност. Фокусирајте се на посветла содржина и не бидете нетрпеливи, сè ќе си дојде на свое..

Риба

Нема причина да се одложи средбата со соработниците. Време е да го засилите бизнисот или да прифатите нечија понуда. Има личност со која имате заеднички деловни интереси и позитивно искуство. Главната улога во заедничките ситуации препуштете му ја на партнерот, особено кога љубовната врска ве води кон најдоброто задоволство.

Слични објави

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо
Се вчитува....