19.8 C
Скопје
11:41 - 11 мај, 2024

Адвокатката на Џони Деп: „Вратете му го животот, во судницата има насилник, но тоа не е Џони“; поротата ќе се изјасни во вторник

Судијката Пени Азкарате го предаде случајот во рацете на поротниците вчера, а тие треба да го разгледаат викендот и понеделник кој е државен празник, за да пристигнат на расправа во вторник.

Пред судот Ферфакс во Вирџинија вчера владеела атмосфера речиси како на стадион. Врисоци, слогани и постери од обожавателите на Џони Деп (мнозинството) и помал дел од нив кои ја поддржуваат Амбер Херд пред вратата на судот. Само сто од нив добија место во судницата. Останатите мораа да го следат во стриминг или на телевизија она што стана едно од најпознатите медиумски судења досега и од кое секоја гримаса на протагонистите, секој збор на сведоцит и адвокатите се толкуваат, анализираат и дискутираат на социјалните мрежи.

Вчера беше последниот ден од расправата на судењето на кое двајцата актери се обивнуваат еден против друг. Закажани беа завршните излагања на адвокатите на странките, кои имаа по два часа да ги сумираат своите тези по десетици часа сведочење и шест недели жестоки меѓусебни обвинувања за семејно насилство меѓу Деп и Херд, поранешни сопружници. Судијката Пени Азкарате го предаде случајот во рацете на поротниците вчера, а тие треба да го разгледаат викендот и понеделник, државен празник, за да пристигнат на расправа во вторник.

„Вратете му го животот на Џони Деп“, побара од поротата адвокатката Камила Васкез, барајќи  осуда на Амбер Херд поради тоа што лажно му претставила на светот дека преживеала семејно насилство.

Деп вели дека никогаш не ја удрил Херд и дека таа ги измислила наводите за злоупотреба за да започне со постапката за развод. Тој рече и дека често бил физички нападнат од Херд.

„Во оваа судница има напаѓач, но тоа не е г-дин Деп“, заклучи адвокатот Васкез, „и има жртва на семејно насилство, но тоа не е Херд“, рече таа, истакнувајќи дека вчера се навршуваат шест години од  27 мај 2016 година, денот кога Амбер „лажно го обвини“ Џони, барајќи од судот наредба да му го ограничи пристапот до неа.

Деп бара од својата поранешна сопруга 50 милиони долари за едиторијалот што таа го напиша во Вашингтон пост во декември 2018 година, во кој актерката се опиша себеси како „јавна личност која го претставува семејното насилство“. Адвокатите на тужителот тврдат дека Деп бил оцрнет, иако Херд никогаш не го спомнала неговото име во написот.

Амбер Херд поднела противтужба од 100 милиони долари и тврди дека нејзиниот поранешен сопруг и еден од неговите адвокати, Адам Волдман, наштетиле на нејзините односи со Холивуд.

 

 

Слични објави

Ќе се изненадите: Колку пари добива победникот на Евровизија?

еспресо

Неделен хороскоп (од 13 до 19 мај): Одлично за Биковите, добри вести за Раковите, широка насмевка за Рибите

еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ на инфузија: Објави фотографија од луксузниот дом каде се лекува

еспресо

Астропрогноза за сабота, 11 мај: Пари за Овните, романтика за Близнаците

еспресо

„Моето семејство е многу вознемирено“: Принцот Вилијам зборува за состојбата на Кејт Мидлтон

еспресо

„Таблетот… Ама, сè ми украдоа!“: Сандра Африка со детали по грабежот во Словенија

Еспресо
Се вчитува....