10.8 C
Скопје
18:34 - 22 ноември, 2024

Што ни подготвија ѕвездите за 18 јуни: Близнаците неорганизирани, Девиците уживаа во слободните активности, а Скорпиите исполнуваат желби

Овен

Имате добри соработници кои се уште поамбициозни од вас. Не се опуштајте многу, една личност е особено љубоморна на вас. Не се впуштајте во ризични разговори, бидејќи ќе слушнете озборувања зад ваш грб. На емотивно поле, партнерот ви стана „сенка“, секаде ве следи, а за чудо, тоа вам многу ви се допаѓа!

Бик

Имате добро чувство кога да ги употребите своите раководни способности. На емотивно поле, покажете повеќе топлина кон саканата личност, таа тоа го очекува, немојте да ја разочарате. Совет и здравје: Променете го начинот на живот. Премногу работите, а премалку обрнувате внимание на вашата исхрана и на физичката активност.

Близнаци

На деловно поле, негрижата, неорганизираноста се многу лоши за вашиот статус. Вие сте деловна личност, затоа останете на тоа ниво. Не дозволувајте ситните озборувања да ви го нарушат имиџот. На емотивно поле, партнерот сака да ја среди и подобри врската со вас, дозволете му нека се случи тоа. Здравјето ви е мошне добро.

Рак

На деловно поле, склони сте кон претерана амбиција. И ако нешто не оди според вашиот план, тогаш ве фаќа голема нервоза и знаете многу бурно да изреагирате. Луѓето околу вас очекуваат потопла, помирна, посочувствителна личност. На емотивно поле, денес влегувате во врска со една Вага која ве обожава.

Лав

Зголемена интуиција на деловно поле. Можете да направите многу работи кои ќе ви одат во прилог. На емотивно поле пронајдете прифатливо решение за решање на ситуацијата во врската. Вие знаете да бидете многу тврдоглави, а со таквото ваше однесување нема да го решите проблемот. Се советува да поведете сметка за здравјето.

Девица

Добар ден за сѐ што е поврзано со образование, креативност, уметност. Имате дарба да правите необични, посебни работи за општеството. На емотивно поле, ќе влезете во врска со личност која има спротивставени ставови од вас. Секогаш сте во позитивна „гужва“. Совет и здравје: Размислувајте позитивно.

Вага

Во емотивна смисла, подобро е да ја прифатите „утешната варијанта“, која не е типична за вас. Мора да го зајакнете имунитетот, затоа, колку и да не ви е вкусно, свртете се кон поздрава исхрана. Поради преголемиот стрес на работа и големиот обем на обврски, вашиот имунитет е паднат на нула. Тоа не смеете да си го дозволите.

Скорпија

Важно е да ги разбирате оние за кои имате чувства и кои ви се блиски и во добро и во лошо. Потрудете се да остварите емотивна блискост и да исполните нечии желби. И вие ќе се чувствувате позадоволни. На деловно поле, влевате голема доверба, бидејќи во некои критични ситуации умеете да ја донесете вистинската одлука – брзо и ефикасно.

Стрелец

Ве очекува работа поврзана со „вода“, односно во место што се наоѓа покрај вода. Можеби ќе одите на деловен пат на некоја таква дестинација. На емотивно поле, делувате резервирано и недоверливо, но партнерот нема намера да ги разубедува вашите сомнежи. Вие самите си задавате главоболка, без воопшто да има причина за тоа.

Јарец

Ви недостасува добар увид во различни токови на деловните случувања. Прифатете ја новата лекција за деловните односи. Бидете внимателни при склучувањето договори со странски партнери. Понекогаш може она што навидум ви изгледа исправно, да излезе сомнително. Партнерот во последно време како повторно да се вљубува во вас.

Водолија

Доколу се занимавате со правна дејност, денес не потпишувајте никакви договори, почекајте барем уште неколку дена. На емотивно поле, ќе бидете подготвени да се жртвувате за една голема љубов. И бидете сигурни дека во иднина нема да зажалите поради тоа. Ќе уживате во секој сегмен од љубовта со таа личност.

Риби

На деловно поле, неопходно е да бидете подготвени за секаков вид компромис, промисленост, акција. Едноставно, не смеете да бидете инертни. На емотивно поле, со партнерот нема да се согласувате за некои ставови. Со вас е доста тешко да се разговара. Не ветувајте никому, а особено не на партнерот нешто што не можете да го исполните.

Слични објави

Хороскоп за 22 ноември: Овните ќе ги гризе љубомора, Скорпиите ќе бидат под притисок поради финансиите

Еспресо

Хороскоп за 21 ноември: Близнаците ќе имаат одлична заработувачка

Еспресо

Хороскоп за 20 ноември: Биковите ќе запознаат интересна личност, на Вагите сè ќе им оди од рака

Еспресо

Хороскоп за 19 ноември: Стрелците ќе имаат проблем со љубоморен партнер, Овните ќе имаат соработка со странство

Еспресо

Хороскоп за 18 ноември: Раковите ќе живеат од љубов, Лавовите ќе бидат пофалени на работа

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Овните ќе имаат интригантна љубовна ситуација, Скорпиите да внимаваат на некои документи

Еспресо
Се вчитува....