15.8 C
Скопје
19:11 - 26 април, 2024

РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР ВО СПАЛНАТА СОБА: Какви сексуални искуства им носи на хороскопските знаци, мора да ги пробате!

Ретроградниот Меркур, прв во оваа година, кој е веќе во тек, ќе ни носи недоразбирања, кофликти, задоцнувања, одложувања и куп други проблеми се до 3 февруари! Но, ако сакате да ги заборавите проблемите со кои се соочувате, убаво е да помислите на спалната соба. Ние ви октриваме како Меркур ќе влијае на вашиот сексуален живот.

ОВЕН

Додека на работа работите не ви одат баш со темпото кое го посакувате, може да направите одлична „компензација“ во кревет каде работите земаат замав за време на оваа ретроградна состојба. Ретроградниот Меркур може да ви донесе и флерт, односно да завршите во кревет со пријател или колега! Само внимателно, бидејќи иако флертувањето може да биде забавно, сè што започнува за време на ретроградниот Меркур не е создадено да трае.

БИК

Ретроградните замки на Меркур на работното место би можеле да ја намалат вашата желба да се забавувате во слободно време. Но зачинувањето на вашиот сексуален живот може да биде само противотров што ви треба за да го ослободите умот од стрес. Затоа, практикувајте ја полесто омилената поза што – призавате нели? – не сте ја пробале долго време. Или зошто да не – купете си нова секс играчка и уживајте во новите откритија. Форсирањето на вашата авантуристичка страна е токму она што ви треба сега.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот љубопитен ум е секогаш отворен за пробување нови работи во спалната соба.  Но, за време на оваа ретроградна фаза на Меркур, важно е да ги ослободите вашите сопствени граници пред да тргнете во какви било секси авантура. Интимните чувства, тајни и желби би можеле да излезат на површина сега и да ве натераат да бидете поотворени и со себе и со партнерот. Градењето доверба ќе ги направи идните сексуални авантури уште повозбудливи.

РАК

Ако сте во врска, минатите драми или несогласувања со вашиот партнер би можеле да излезат на површина токму сега. Иако нуркањето во овие дискусии може да биде застрашувачко, искреното справување со вашите чувства ќе ја намали шансата да се зголемат незадоволствата во иднина и ќе го одржат вашиот сексуален живот поздрав, а и ќе се чувствувате послободни.

ЛАВ

Акумулирањето на стресови лесно може да доведе до несогласувања со вашиот партнер. Всушност вашиот преполнет распоред може да го отежне изнаоѓањето време за сексуална врска и романса. Бидете отворени со вашиот партнер за потребата од дополнителна флексибилност со времето во текот на следните неколку недели. Сепак, останете отворени за брзи средби и непланирани брзи секс-авантури, кои понекогаш може да бидат дури и пожешки од добро испланирана вечер.

ДЕВИЦА

Повторното разгорување на некој стар пламен може да додаде разиграна страст во вашиот живот во моментов, Но внимавајте да не посветувате премногу време или енергија на ова старо-ново искуство, зашто нема среќна иднина. Односите што започнуваат за време на ретроградниот Меркур траат кратко, па затоа разумноста и неочекувањето „брда и долини“ може да ве спасат од пост-ретроградна фрустрација, а истовремено да ви овозможат малку да се забавувате.

ВАГА

Иако вашата владејачка планета Венера секогаш ви носи интересни секс случувања, овојпат со ретроградниот Меркур одеднаш ќе ја загубуте волјата и желба за секс. Разговарајте отворено со партнерот за тоа, за да не дојде до недоразбирање. Подобро е да уживате заедно во некоја серија на Нетфликс, или да се забавувате со партија карти или табла.

ШКОРПИЈА

Како Шкорпија, сексуалното изразување е навистина важно за вас, но во овој период потрудете се да бидете сосема отворени за вашите чувства и потреби. Немојте само да претпоставувате дека вашиот партнер знае што ви треба за да се чувствувате сигурно и задоволно во сексуалната врска – кажете го тоа јасно и водете искрени разговори за потребите. Отворен дијалог наместо замаглени претпоставки ќе донесе многу повеќе интимност во вашата врска.

СТРЕЛЕЦ

Што ве прави да се чувствувате почитувани и сакани во спалната? Вашиот огнен и авантуристички дух обично е фокусиран на забава, но оваа ретроградна планета ќе ве натера да ги прегледате вашите односи од подлабока перспектива. Погледнете подалеку од површината на вашите сексуални врски и размислете за вашите најскриени желби за задоволство. И за нив – проговорете гласно пред партнерот.

ЈАРЕЦ

Сега е време кога треба да му дадете приоритет на вашето задоволство. Најважно е во текот на овој период да научите да бидете потопли кон вашиот партнер, да бидете поискрени кога станува збор за изразување на вашите желби! Не плашете се да ја кажете гласно вашата вистина во врска со сексот, и побарајте да пробате нешто пожешко, нешто ново.

ВОДОЛИЈА

Ова е многу важно време да размислите што сакате од сексуалното партнерство – и дали вашите потреби моментално се задоволени. Наместо да скокате во нов флерт, можеби е добро време да истражите некоја соло игра и да се чувствувате удобно во само-задоволувањето. Истражете го сопственото тело! На тој начин во иднина полесно ќе му ги изразите вашите желби на партнерот.

РИБИ

Истражете ги ситуациите од вашето минато и пробајте да гледате на работите низ нов објектив – а можете да ја искористите оваа носталгична енергија за да ги зголемите вашите фантазии.  Поминете малку време фокусирајќи се на соло секс додека размислувате за сексуалното искуствата со претходните љубовници кои навистина го поттикнале вашиот телесен апетит. Сетете се на работите што ви донеле задоволство во минатото, зашто така ќе можете да стапите во поинтимен контакт со себе во сегашноста.

Слични објави

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо
Се вчитува....