15.8 C
Скопје
03:48 - 9 мај, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (21-27 февруари): Добри вести за Близнаците, проблеми на работа за Лавовите, одлична недела за Девиците…

неделен хороскоп

Оваа недела планетата Меркур на неколку дена во знакот на Водолија ќе донесе добри вести за сите воздушни знаци и не само за нив. А вие, во кој знак сте родени? Дознајте што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела.

Овен: Нервозен викенд

Оваа недела конечно почнува да се движи нешто позитивно на професионален план по период на сомнежи и неизвесности. Најсреќните денови ќе бидат четврток и петок, со прекрасна Mесечина на ваша страна. Нервозен сепак ќе биде викендот, со Месечина во неповолна положба, која дополнително со негативните влијанија на Венера може да ги нагласи контрастите во вашиот семеен живот.

Бик: Воздржете се

Вашата недела не започнува најдобро: во понеделник, вторник и среда, всушност, ќе мора да ја издржите Месечината во опозиција, што ќе направи да се чувствувате понервозни од кога било! Во овие три дена може да се појават непријатности или грижи на полето на работата. Подобро да се воздржите до четврток. Љубовта ви се насмевнува оваа недела благодарение на поволната Венера.

Близнаци: Добри вести

Оваа недела ќе има добри вести за вашиот знак, по вртењето на грбот на планетата Јупитер, која беше во неповолна положба во последниов период. Затоа очекувајте дека конечно нешто би можело да се придвижи на полето на работата, од неделава па натаму. Со вас е и планетата Меркур, кој ќе биде активен во ваша корист. Искористете ги среќните денови – четврток и петок. Во љубовта ќе се чувствувате малку постимулирано – сигурно ја имате вистинската личност до вас.

Рак: Каков стрес!

Планетите Венера и Марс продолжуваат да се спротивставуваат на вашиот знак, а тоа ќе ви го комплицира животот, особено на сентиментален план. Ќе се чувствувате особено уморни и под стрес и оваа состојба само ќе се влоши во сабота и недела, кога ќе ја имате и Месечината во опозиција. За среќа, пред неколку дена Меркур престана да ви стои на патот и барем во контекст на работата, работите почнуваат да се враќаат во вистинска насока.

Лав: Проблеми на работа

За жал, спротивставувањето на планетата Меркур почнува да се чувствува – во контекст на работата, може да дојде до ненадејни блокади. Особено тешки ќе бидат понеделник, вторник и среда, кога неповолната Месечина ќе ја влоши ситуацијата, како и вашето расположение. Затоа фокусирајте се на среќните денови – четврток и петок.

Девица: Одлично!

Планетата Венера е подготвена да ви подари уште една прекрасна недела од гледна точка на чувствата, особено во сабота и недела, кои дефинитивно ќе бидат романтични, кога дури прекрасната Месечина ќе биде на ваша страна. Планетата Марс, исто така ќе биде активна во ваша корист, ќе ви дава сила и енергија. Внимавајте да не бидете премногу нервозни во четврток и петок, кога некој на работа може да ве налути.

Вага: Тензии со партнерот

Уште една конфликтна недела во однос на чувствата: се чини дека работите со партнерот не одат како што треба и би можеле да настанат жестоки дискусии, особено во сабота и недела, кога – покрај Венера во неповолна положба – ќе треба и да ја издржите „непријателската“ Месечина. Фокусирајте се на среќните денови четврток и петок, кога би можеле да пристигнат некои добри вести.

Скорпија: Внимавајте на неуспех на работното место

Вашата недела започнува одлично, со три среќни дена. Всушност, некои добри вести би можеле да пристигнат во понеделник, вторник и среда. Венера е активна во ваша корист и ќе има задоволства и убави моменти во сентименталната сфера. Особено за време на викендот со романтична Месечина. Внимание, сепак, на работното место: неповолниот Меркур може да доведе до некои неуспеси.

Стрелец: Среќни денови!

Оваа недела може да сметате на два среќни дена – четврток и петок, кога Месечината ќе ви носи многу радост на сите полиња. И Меркур е во поволна позиција, подготвен да ви донесе добри вести, особено на полето на работата. Сепак, со неповолната положба на планетата Јупитер ќе мора да почекате за да ги добиете одличните резултати што ги посакувате.

Јарец: Големи емоции!

Венера и Марс не ве напуштаат: двете планети во вашиот знак ви даваат голема сила и капацитет. И во однос на чувствата и на професионалниот план ќе бидете поубедливи од кога било! Искористете ги среќните денови сабота и недела, кога ќе имате и прекрасна Месечина на ваша страна, подготвена да ви донесе среќа и  емоции кои тешко се забораваат.

Водолија: Ќе го добиете одговорот што го чекате

Меркур неодамна се врати да блесне во вашиот знак, подготвен да ви донесе добри вести, особено на работното место. Ако чекате одговор или повик, оваа недела веројатно ќе го добиете, особено во суперсреќните денови четврток и петок! Внимавајте само на мала нервоза предизвикана од нервозната Месечина во понеделник и вторник.

Риби: напредувате кон успехот!

Ова ќе биде недела на голема сила за вашиот знак, кој може да смета на Јупитер подготвен да ви гарантира успех во секој потфат. Поволниот Марс ве прави посилни и поенергични од кога било, додека Венера ви дава убави емоции во однос на чувствата. Деновите сабота и недела се особено романтични, а на ваша страна е и Месечината.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ бос пешачи кон Грција: Пејачот откри што ќе се случува утре, на 18-тиот ден

Еспресо

Бресквица згрозена од настапот на Ирска на Евровизија: „Сакав да премолчам, но не можам… што е ова?“

Еспресо

Синот на Ведрана Рудан: „Таа не е депресивна поради ракот“

Еспресо

(Фото) Претставничката на Словенија на Евровизија со една фотографија ги обедини земјите од поранешна Југославија

Еспресо

„Сега сум среќна жена“: Драгана Мирковиќ блеска по разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

Еспресо
Се вчитува....