7.8 C
Скопје
01:06 - 20 октомври, 2026

Најголеми лажговци меѓу хороскопските знаци: ЕВЕ КОЈ КАКО И ЗОШТО ЌЕ ВЕ ИЗЛАЖЕ!

Без разлика дали лажењето било неопходно, или емоционален механизми за справување со ситуацијата, некои хороскопски знаци можат да ве излажат подобро од другите. Проверете кои се најголемите лажговци во Зодијакот и зошто би ве излажале.

Близнаци

Близнаците се менуваат според околностите.  Затоа не треба да бидете изненадени што можеби ќе ја прилагодат вистината според нивните околности. Близнаците се всушност, најпознатите лажговци во Зодијакот, но сепак, нивните лаги, главно имаат цел да го одржат мирот или да ги смират другите.

Рак

Можеби не изгледаат така, но Раковите не секогаш ви ја кажуваат вистината. Раковите се ноќни суштетсва кои ги измазнуваат и кријат трагите кадешто погрешиле. Ретко ќе ги фатите во лага, но најчесто ќе ви ги премолчат важните информации или вистини.

Лав

Лавот е познат како заштитник на своето его. Најчесто ја зборува вистината, но кога неговото его ќе биде загрозено, или кога ќе се почувствува несигурно, сигурно е дека ќе ве излаже. Всушност, Лавовите се познати повеќе како манипулатори, отколку како лажговци. А за разлика од Раковите кои нема да ги фатите во лагата, Лавот лесно ќе го фатите кога лаже.

Вага

Кога Вагата се чувствува неудобно и поместена од рамнотежата, нема да ви ја зборува вистината. Сепак, нивните лаги не се злонамерни, туку се резултат на тоа што Вагите ја мразат конфронтација, па нивните лаги се изречени за да се избегне конфронтација. Бидете љубезни ако ги фатите во лага, но дајте им на знаење дека избегнувањето на вистината не е најдобриот емоционален оклоп.

Шкорпија

Шкорпијата има огромна способност да лаже и одлична е во тоа што го крие! Шкорпиите се искрени во најголем дел, но, ако тие лажат, знаат како да се извлечат со своите лаги и  да ја сокријат вистината на начин кој никогаш нема да го откриете.  Затоа внимавајте на нивните повеќеслојни, детални приказни.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....