5.8 C
Скопје
02:35 - 27 април, 2024

Најдобра летна дестинација за вашиот хороскопски знак, ѕвездите ви нудат патувања од соништата за ова лето!

Ако сте во дилема за дестинација за ова лето, прочитајте го нашиот хороскоп и бидете сигурни дека ќе го одберете местото кое точно ви одговара на вашиот карактер.

Овен

Овните сакаат авантура и уживаат во необични нешта како што е скијање на вода, планинарење или крстарење. Што велите за ова третово – крстарење за ова лето?

Бик

Биковите се опуштени, сакаат егзотични дестинации каде што тие се чувствуваат удобно. Обидете се да одите на место кое е познато по добрата храна и прекрасните пејзажи како што е некој остров, на пример, во Грција.

Близнаци

Близнаци сакаат да бидат зафатени, па затоа планирајте ја вашата дестинација која е доста содржајна и може да ви го окупира времето. За припадниците на овој знак во предвид доаѓаат само плажи каде можат да сурфаат, скијање на вода и добро да се забавуваат. Можеби југот на Турција ќе ви го донесе летово вистинското задоволство.

Рак

Раковите сакаат удобност и да бидат опкружени со луѓе кои сакаат, особено во близина на вода. Размислете за најмување куќа покрај Охридското Езеро каде ќе уживате со семејството или бројните пријатели.

Лав

Лавовите сакаат гламур и многу луѓе. Идеално место за припадниците на овој знак се градовите со богат ноќен живот, кои имаат голем број на фенси клубови и ресторани. Проверете ги ефтините летови од Скопје за европските центри и не размислувајте, качете се на првиот авион.

Девица

Девиците се извонредно организирани и обожуваат да истражуваат нови работи. Идеалниот одмор подразбира комбинација од вежбање јога и нови авантури. Модерен хотел на необична дестинација е вистинскиот избор за сите Девици. Што велите за Миконос или Санторини?

Вага

Вагите се романтични и сакаат да бидат опкружени со луѓе. Бидејќи секоја Вага сака да се милува  идеален одмор за неа првенствено подразбира елегантен хотел  со дневни масажи вклучени во пакетот, а потоа сè друго. Да ве потсетие, и југот на Албанија има такви хотели.

Скорпија

Скорпиите се страсни и паметни, а особено ги сакаат другите култури. Одвојте една недела или две и упатете се на некое егзотично место и во обиколката вклучете го  истражувањето на  зафрлените барови и ресторани каде што особено ќе уживате. Хрватска е идеален одмор за вас.

Стрелец

Стрелците  живеат за да патуваат. Големите простори на пример фармите се идеални опции за членовите на овој знак, кој ја сака слободата и отворениот простор. Размислете за одмор на некоја од македонските фарми кои се – за среќа – се побројни.

Јарец

Јарците сакаат да ги наполнат  батериите во места кои ја искажуваат историјата. Комбинација на модерно, историја и релаксација е дефинитивно вистинскиот избор. Можеби Сицилија?

Водолија

Водолиите ги интересираат уникатни и необични места и запознавањето на нови луѓе. Одлучете се за мало место каде што локалните жители се собираат. Ѕвездите ви препорачуваат одмор на витешкиот остров, Малта.

Риби

Рибите се одлучуваат за дестинации кои ќе ги исполнат и ќе ги смират. Рибите и во Њујорк и во бања може да се чувствуваат како дома. Но овојпат не е лошо да истражат и да уживаат во некое македонско селце, како на пример, Радожда, Брајчино, Трпјца и слично.

 

Слични објави

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо
Се вчитува....