13.8 C
Скопје
19:43 - 29 октомври, 2026

Инстаграм прави промени за доброто на своите најмлади корисници: Системот „Јоти“ ќе помогне во потврдување на возраста

Во моментов Инстаграм бара од корисниците да ја потврдат нивната возраст само кога тинејџерите се обидуваат да го изменат својот датум на раѓање за да се претстават како 18-годишни или постари. За да се провери возраста, корисниците треба да испратат фотографија од личната карта, а Американците од денеска ќе имаат две дополнителни опции – социјална гаранција и проценка со вештачка интелигенција.

Инстаграм почна да тестира нови начини за проверка на возраста на корисниците, а меѓу нив е и алатка со вештачка интелигенција дизајнирана од компанија од трета страна. Станува збор за програмата „Јоти“ (Yoti) од истоимената компанија, којашто проценува колку години има човекот со скенирање на неговото лице и неколку години се користи од други компании.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rose Pilkington (@rosepilky)


Официјално, Инстаграм може да го користат луѓе на возраст над 13 години, но компанијата со години не се обидува да го примени тоа правило. До 2019, корисниците не требаше да го внесат датумот на раѓање при регистрацијата, ниту пак, овој податок беше проверуван. Сепак, по притисокот од стручњаците за приватноста и безбедноста на децата, Инстаграм воведе повеќе проверки за возраста, како и методи за одвојување на помладите корисници од возрасните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tetê Macambira (@tetemacambira)


Во случајот со првиот метод, Инстаграм ќе бара од тројца заеднички пријатели на корисникот да потврдат колку години има тој / таа, а и секој од нив мора да има над 18 години. Рокот за одговор на барањето на Инстаграм е три дена. Друг метод е да се испрати видео од себе до компанијата „Јоти“, која користи вештачка интелигенција за да ја процени возраста на луѓето.

Системот „Јоти“ може да се тестира и на интернет, а компанијата тврди дека не задржува никакви податоци за своја полза. Новата технологија има одобрение и од британските и германските дигитални регулатори.

 

Слични објави

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....