16.8 C
Скопје
20:20 - 27 април, 2024

МЕСЕЦОТ НА РАЃАЊЕ ОДРЕДУВА КАКВИ СТЕ ВО ЉУБОВНА ВРСКА: Одберете го вистинскиот партнер со помош на ѕвездите!

љубовен пар

Многумина на врските гледаат низ призмата на хороскопот, а никако не е на одмет истото да го направат од призмата на месецот во кој сме родени. Се прашувате како? Погледнете како стојат работите…

Јануари

Причината зошто луѓето сакаат да бидат сон нив е за тоа што се многу лојални и романтични. Многу се амбициозни, па поради тоа нивниот партнер може да се почуствува запоставено. Мораат да пронајдат начин да балансираат помеѓу професионалниот и приватниот живот, за да не трпи последици едната страна.

Февруари

Најдобрата работа во врска со овие луѓе е тоа што имаат фасцинантна природа. Тие се со слободен дух и со широки погледи на светот. Тешко им е да сакат, бидејќи тешко покажуваат чуства и никогаш не знаете на што сте со нив, а тоа може да ве фрустрира.

Март

Дефинитивно еден од најфините и најчуствителни луѓе. Чуствителни се, внимателни и многу е пријатно да сте во нивна близина. Единствено што ги прави неадекватни за врска е тоа што се пречуствителни и не умеат да идат напред, туку честопати се враќаат во минатото.

Април

Оние кои се родени во април се многу непредвидливи, имаат возбудлива енергија и се многу забавни. Може да ви биде предизвик за да бидете со нив. Од друга страна можат да бидат и многу агресивни, обидувајќи се да ги контролираат  вашите емоции и однесувања. Комуникацијата со нив е многу предизвикувачка и полна со возбуди.

Maj

Овие луѓе се слични на тие родени во јануари, многу се амбициозни и фокусирани на работите, но за разлика од тие кои се родени во јануари, не го ставаат професионалниот живот пред партнерот. Мана им е тоа што умеат да бидат многу фрустрирани и не знаат да го канализираат својот бес, па мораат да работаат на тоа.

Јуни

Овие луѓе е многу лесно да ги сакате. Многу се духовити и сочуствителни. Со нив нема никогаш да ви биде досадно. Лошата работа е тоа што ја игнорираат својата болка кога се повредени.

Јули

Имаат магнетна личност, знаат да привлекуваат луѓе, се грижат за туѓите чуства. Не е лесно да ве сака човек, бидејќи понекогаш не ги пуштате луѓето да си одат од вас, иако вас не е гајле веќе за нив или не сте сигурни што чуствувате кон нив.

Август

Нивната најдобра работа е што имаат отворено срце, тие се љубезни и се великодушни. Кога доаѓа до проблем, овие луѓе ја покажуваат темната страна. Тие се љубоморни и се склони на бегање. Со својата несигурност ги бркаат луѓето од себе. Бегаат од проблемите и вашиот партнер никогаш не знае како ќе реагирате, па така се чуствуваат како да газат на јајца кога ќе се случи проблем и тоа многу исцрпува.

Септември

Луѓето родени во септември имаат исклучителни квалитети, полни се со доверба, вредни се, интелегентни се, радознали, но и критички настроени. Во еден момент се љубезни, а во другиот на сите им наоѓаат мани. Имаат склоност да ги потиснуваат своите емоции, а наизглед се ладни и резервирани, а во себе ги кријат вистинските емоции.

Октомври

Прилично е лесно да ги сакате. Многу се љубезни и питоми. Внимателни се и ја чуствуваат потребата од другите. Треба да внимаваат само на љубомората и што е можно помалку да мислат на другите луѓе.

Ноември

Луѓето родени во ноември имаат вродени бариери и кочници и кога ќе успеат да ги прескокнат тогаш врската со нив, полна со искреност и љубов. Надминувајќи ги тие препреки и граници бара многу работа, па ако се способни да ги надминат, врската со нив е преубава. Склони се на мистерија и повлекување во себе.

Декември

Лојални луѓе, великодушни и топли. Сакаат да ги забавуваат луѓето, а мана им е тоа што знаат да бидат нетрпеливи и премногу имплусивни.

Слични објави

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....