22:54 - 29 ноември, 2026

ВЕНЕРА ВО СТРЕЛЕЦ: Со голем тест ќе го разбереме вистинското значење на љубовта

venera венера планета

Денес, Венера, планетата на љубовта, убавината и изобилството, преминува во знакот на авантуристичкиот Стрелец. На љубовната планета не и е многу удобно во овој знак па можни се предизвици и проблеми на полето на љубовта. Влијанието на Венера во Стрелец продолжува до 4 ноември.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (4. ДО 10. ОКТОМВРИ): Љубовни маки за Рибите, страст за Овните, убави средби за Лавовите…

Стрелецот е симбол на моќна витална енергија, но на многумина ќе им донесе зголемен стрес, затоа астролозите препорачуваат да бидете активни во овој период. Венера ќе бара од нас да се прилагодиме на овој „луд“ ритам, затоа е важно силната енергија да ја канализираме на нешто друго, наместо конфликти и кавги со партнерот.

Стрелецот ќе ја направи Венера себична, бидејќи нејзината енергија ќе се акумулира само во доменот на нејзините интереси. Обидете се да им помогнете на блиските луѓе, не ги заобиколувајте нивните проблеми. Ако некој од вас бара поддршка, дајте ја. Не ги игнорирајте неволјите на другите луѓе. Ова не се однесува само на роднините, партнерите, туку и на пријателите. Секој обид да се помогне некому ќе започне круг на добри дела.

РЕТРОГРАДЕН ПОЧЕТОК НА ЕСЕНТА: 6 планети се движат во погрешна насока

За да избегнете љубовни проблеми, подеднакво е важно да се посветите на внатрешниот, личен развој. Додека Венера е во Стрелец, многумина од нас ќе сакаат да најдат одговори на некои големи прашања. Предизвиците што Венера ни ги носи во Стрелец од 7 октомври до 4 ноември може да бидат тешки, но исто така можат да ни помогнат да го разбереме вистинското значење на љубовта. Овој аспект може да биде непредвидлив и нè става на тест, но на крајот треба да научиме важни лекции.

За време на Венера во Стрелец, може да се случи далечина, неверство и формирање на љубовни триаголници. Со цел да го намалите негативното влијание, не ги одложувајте проблемите и не ги потиснувајте чувствата, туку веднаш активирајте се и работете заедно за да ја подобрите врската.

извор: „sensa“

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....