26.8 C
Скопје
17:35 - 29 април, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (4. ДО 10. ОКТОМВРИ): Љубовни маки за Рибите, страст за Овните, убави средби за Лавовите…

Оваа недела планетата Венера ќе го напушти знакот на Шкорпија за да влезе во знакот на Стрелец, подготвена да ги награди сите огнени знаци…А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: Венера се враќа да ви се насмевне!

Драги Овни, конечно следуваат добри вести за вашиот знак оваа недела! Почнувајќи од четврток, планетата Венера ќе се врати да дејствува во ваша корист, подготвена да ви подари еден многу посебен октомври од гледна точка на чувствата. На работа, за жал, ќе продолжат одложувањата и дискусиите, кои особено ќе се загреат помеѓу среда и четврток, кога Месечината ќе биде во опозиција.

Бик: спокојното се врати!

Последниот период не беше лесен за вашиот знак во однос на чувствата: месецот септември, со планетата Венера во опозиција, донесе тензии и расправии во вашиот љубовен живот,  но сега конечно ќе можете да најдете малку ведрина. Почнувајќи од четврток, всушност, Венера ќе престане да ја попречува вашата љубовна приказна. Внимавајте, сепак, на нервозната Месечина во петок и сабота.

Близнаци: Венера во опозиција

Драги Близнаци, за жал оваа недела планетата на љубовта ќе биде во опозиција  со вашиот знак! За жал, почнувајќи од четврток, Венера ќе внесе лошо расположение во вашиот љубовен живот… Обрнете внимание, особено, на неделата, кога Месечината исто така ќе биде во опозиција и нема да недостасува тензија со партнерот. Затоа, обидете се да најдете начин за релаксација и да си ги сочувате нервите пред да избувнете.

Рак: каков стрес!

Драги Ракчиња, Меркур во неповолна положба оваа недела може да донесе уште некое забавување на работното место. Марс, кој исто така е неповолен, ќе ве натера да се чувствувате под стрес повеќе од било кога! Најтешките денови ќе бидат среда и четврток, кога ќе треба да се справите дури и со нервозната Месечина. Искористете ги затоа најсреќните денови – петок и сабота. Убави изненадувања во полето на љубовта, сепак, доаѓаат во првиот дел од неделата.

Лав: убави средби!

Драги Лавови, оваа недела – конечно – планетата Венера ќе се врати да дејствува во ваша корист! Почнувајќи од четврток, можете да сметате на нејзината поддршка за да ги решите сите отворени прашања со вашиот партнер или, ако сте слободни, да пронајдете нова љубов. Меркур, од своја страна, фаворизира средби. Искористете ги среќните денови на Месечината – среда, четврток и недела. Денови за релаксација – петок и сабота.

Девица: Венера ви го завртува грбот 

Драги Девици, почнувајќи од четврток, планетата Венера ќе ви го сврти грбот, ставајќи ја вашата сигурноста во однос на чувствата во криза. Може да доживеете момент на конфузија и на крајот да се запрашате дали личноста што ја имате покрај вас е навистина вистинската за вас. Особено обрнете внимание на неделата, кога може да се појави прилично жестока дискусија со партнерот. Среќни денови: понеделник и вторник.

Вага: одлично!

Драги Ваги, месецот октомври е дефинитивно среќен за вашиот знак, кој веќе може да смета на спојот на планетата Марс и планетата Меркур, подготвени да ви донесат одлични вести на работното место и да направат да се чувствувате полни со енергија. Понатаму, почнувајќи од четврток, Венера исто така ќе биде активна и ќе работи во ваша корист: во наредните недели ќе има одлични вести и во врска со чувствата!

Шкорпија: збогум, Венера!

Драги Шкорпии, оваа недела планетата Венера ќе го напушти вашиот знак за да се пресели во знакот на Стрелец. Искористете ги деновите понеделник, вторник и среда (кога исто така можете да сметате на прекрасна Месечина на ваша страна) и искористете го секој момент со партнерот за важни разговори. Супер-среќни денови се петок и сабота, во знакот на убавата Месечинат: подгответе се за убаво изненадување!

Стрелец: добредојде, Венера!

Драги Стрелци, дали сте подготвени да ја пречекате Венера во вашиот знак? Почнувајќи од четврток, планетата на љубовта ќе биде подготвена да ви ги преплави деновите со страст и чувства: дури и „заколнатите“ ергени и ергенки ќе можат да запознаат некој/а способен да ги натера да го сменат мислењето! Особено неделата ќе биде многу романтичен и суперсреќен ден, исто така благодарение на прекрасната Месечина. Поволно е и на полето на работа.

Јарец: бидете трпеливи!

Драги Јарци, во овој период наидувате на некои пречки или забавувања на полето на работата, а тоа ви создава стрес и криза, затоа што таквото расположение влијае на секоја друга област од вашиот живот, од здравје до љубов. Сепак, не заемајте се при срце! Ова е само мала моментална стагнација, но наскоро планетите ќе се вратат да дејствуваат во ваша корист и ќе имате можност да ги вкусите плодовите од толку многу работа! Лоши денови: среда и четврток.

Водолија: Венера се грижи за вас!

Драги Водолии, конечно оваа недела планетата Венера ќе се врати да дејствува на ваша страна! Почнувајќи од четврток, всушност, вашата сентиментална ситуација полека ќе се расчисти и ќе ги добиете саканите одговори по неколку недели мачење. Меѓутоа, ако неодамна сте затвориле некоја љубовна приказна, наскоро може да сретнете некој посебен/на, исто така благодарение на планетата Меркур која дејствува во ваша полза. Среќни денови: четврток и недела.

Риби: љубовни маки

Драги Риби, за жал оваа недела Венера ќе ви го сврти грбот: почнувајќи од четврток, планетата на љубовта повеќе нема да дејствува во ваша корист и може да се појават мали (или големи) моменти на криза во вашиот љубовен живот. Обрнете посебно внимание на неделата, која ветува дека ќе биде прилично напната. Понатаму, Месечината во опозиција во понеделник и вторник може да направи да се чувствувате нерасположени.

Слични објави

Јелена Карлеуша призна дека не верува во помирување со Душко: Ситуацијата е очајна многу долго, никогаш нема да биде како порано…

Еспресо

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо
Се вчитува....